• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Зошто некои клетки метастазираат, а некои не?

Меѓународното истражување, кое пред три години го предводел Dr. Enrique Martín Blanco од Институтот за биологија во Барселона, резултираше со одговори на некои од најтешките прашања на полето на истражувањето на ракот - зошто се случува миграцијата на клетките на ракот, која доведува до појава на метастази во оддалечените ткива и органи.

Dr. Enrique Martin.

Способноста за миграција на метастазирачките клетки не е својство кое се врзува само за туморските клетки, туку е природна способност на некои клетки, која, за жал, метастазирачките клетки исклучително успешено ја искористуваат.

Досега е познато дека метастазирањето на туморските клетки може да се поттикне со протините, како што се BMP (bone morphogenetic proteins) и TGFβ (transforming growth factor-β). Овие протеини, идентификувани во туморските клетки на 'рбетниците, ги активираат миграцијата на клетките и метастазирањето или едноставно кажано „им кажуваат“ на клетките кога треба да почнат да се движат, иако не им порачуваат во кои точно делови од телото треба да се движат. Ако овие протеини во туморските клетки не се активни, клетките нема да мигрираат и нема да бидат инвазивни.

Научниците сеуште не знаеле дали овој меганизам е карактеристичен само за туморките клетки или не. Затоа важноста на оваа нова студија е во тоа што таа го открила истиот механизам и кај здравите клетки на винската мушичка (Drosophila melanogaster).

Било откриено дека протеинот Dpp (decapentaplegic protein), хомологен на протеините BMP и TGFβ, делува како сигнал за да започне движењето на здравите клетки. „Клетките со активен Dpp се миграторни и инвазивни. Ако активноста на протеинот Dpp се блокира, клетките престануваат да се движат. Меѓутоа, ако дојде до прекумерна активација на Dpp протеинот, клетките добиваат зголемени миграторни и инвазивни капацитети“, изјавил Dr. Enrique Martín Blanco.

Метастази.

Авторите на студијата ги проучувале ембрионалните клетки на винската мушичка за време на формирањето на т.н. абдоминален епител за време на метаморфозата, процес при кој ембрионските клетки (хистобласти), кои ја формираат абдоминалната шуплина на мушичката, ги заменуваат ларвоидни епидермални клетки.

Хистобластите во почетокот се собираат во мали групи, а потоа многу брзо и ефикасно се делат и инвазивно се шират, заменувајќи ги сите ларвоидни епидермални клетки.

Dr. Martín Blanco се надева дека сега научниците ќе можат подобро да ги разберат механизмите на движењето на здравите клетки, но и ќе можат да откријат алтернативни стратегии за спречување на метастазирањето на туморите.

 

Најчитани наслови