• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Џумбирот помага и кај ракот на простата

Резултатите од најновото истражување покажале дека екстрактот од џумбирот може да ги убие клетките на ракот на простатата, не оштетувајќи ги здравите клетки.

Истражувачите за потребите на студијата им давале на испитаниците дневна доза од 100 мг. екстракт од џумбир по килограм телесна тежина, односно околу 550 мг. екстракт дневно. Добра вест е дека во текот на 8 недели, екстрактот од џумбирот двојно го намалил растот на туморот. Истражувачите процениле дека исти резултати можно е да се постигнат и со секојдневно консумирање на 100 мг. свеж џумбир.

Иако многу луѓе повремено го користат џумбирот како зачин за приготвување на необични јадења, коренот на џумбирот навистина е многу здрав и лековит и би требало да го користиме почесто.

Помош при болки во мускулите

Коренот на џумбирот со векови е познат како народен лек за разни здравствени проблеми, како што се настинката и проблемите со желудникот. Но, истражувачите од „University of Georgia“ откриле дека секојдневната консумација на џумбирот ја намалува муслкулната болка предизвикана од вежбање.

Етеричното масло од џумбир го загрева телото, ја подобрува и забрзува циркулацијата на крвта. Затоа е одличен природен лек за болните и уморни мускули.

Но, како најдобро да го искористиме? Четири лажички свежо изрендан џумбир замотајте ги во памучна вреќичка и ставете ја во водата за купка. Додека уживате во релаксирачкиот третман, џумбирот ќе делува на болните и воспалителни делови на телото.

Ги намалува болите менструали грчеви

Дали патите од болни менструални грчеви? Пробајте чај од џумбир. Студијата објавена во списанието „Journal of Alternative and Complementary Medicinе“ покажала дека џумбирот кај болните грчеви е подеднакво ефикасен како и ибупрофенот.

Две лажички свежо изрендан џумбир оставете ги да отстојат 15 минути во врела вода, а потоа процедете го чајот. Чајот може да го засладите со мед и да му додадете сок од лимот. Вака приготвениот чај од џумбир не само што е вкусен, туку е и лековит.

Ако патите од мачнина при патување

Ако и кратко патување кај вас предизвикува чувство на мачнина, решението е пак – џумбир. Истражувањето на научниците од Универзитеот Brigham Young открило дека џумбирот делува на организмот подобро од повечето лекови против мачнина.

Ја намалува мачнината предизвикана од хемотерапијата

Џумбирот се користи како храна и лек веќе илјадници години, а едно американско истражување неодамна докажа дека џумбирот ги намалува негативните последици од хемотерапијата, кои ги имаат пациентите со рак.

Истражувањето, извршено на 644 пациенти, покажало дека пациентите кои дневно земале од пола до 1 грам сушен џумбир или таблета со џумбиров прав, чувствувале и до 40% помала мачнина и вртоглавица, кои ги предизвикува хемотерапијата.

Се уште со сигурност не се знае како џумбирот дејствува против мачнина, но американските експерти потсетуваат дека некои претходни истражувања покажале дека џумбирот во цревата дејствува како јак антивоспалителен агенс.

Ако патите од главоболка

Традиционалната кинеска медицина го препорачува џумбирот за намалување на главоболката. Може да џвакате мало парче свеж џумбир или да направите чај од џумбир.

Ја подмладува кожата

Џумбирот е добар и за кожата.

Пробајте го следниот рецепт: Помешајте 100 грама крупна морска сол, 1 лажичка сок од лимета или лимон и една лажичка изрендан џумбир. Смесата загрејте ја, но пазете да не биде премногу жешка. Пилингот нанесете гo на целото тело, нежно масирајќи ја кожата, а потоа истуширајте се. Џумбирот во оваа комбинација и дава на кожата здрав сјај, ги отстранува мртвите клетки од површинта на кожата, а витаминот Ц од лимонот или лиметата за измазнува и негува кожата.

 

Списокот на благотворното дејство на џумбирот е навистина многу голем. Заклучок на научниците и нутриционистите е дека овој коренест зеленчук навистина може да направи многу за зачувување и подобрување на нашето здравје, но и за превенција и намалување на некои здравствени проблеми.

 

Прочитајте и: