• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Глуварче за подобар апетит и подобро варење на храната

Уште древните народи знаеле дека глуварчето има лековити својства, а дека сокот исцеден од младото глуварче го подобрува нарушеното здравје.

Салата од глуварче.

Латинскиот назив на глуварчето е Taraxacum officinale, што во превод значи „дива салата“, бидејќи неговите листови оддамна се ценети во исхраната.

Глуварчето е познато по својата лековитост, но и како здрава храна. Содржи високи концентрации на витамини (А, Б, Ц), минерали (посебно со калиум, натриум и магнезиум) и органски киселини.

Салата од глуварче

Пролетната салата од глуварче се прави од сосема млади листови, кои се берат пред цветањето на билката и надвор од населените места.

Листовите на глуварчето се богати со каротиноиди, со витамини како. А, Б1, Б2 и Ц, со минерали (посебно калиум, калциум и магнезиум), стеарини, инсулин, каучук, холин, органски киселини, соли на калиум и калциум и смоли.

Горчливите материи од билката го подобруваат апетитот и го подобруваат варењето на храната. Исто така, глуварчето, како и сите други горчливи билки, го стимулира излачувањето на жолчката.

 

Прочитајте и: