• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Со правилна исхрана против ракот на дебелото црево

Спречете го настанувањето на ова опасно малигно заболување.

Исхраната се смета за прв фактор на ризик за развојот на ракот на дебелото црево, а во другата група спаѓаат генетските фактори.Од други фактори на ризик се наведуваат прекумерната телесна тежина и физичката неактивност.

Ракот на дебелото црево во светот, а и кај нас, е во постојан пораст. Тој претставува глобален здравствен проблем и сериозно заболување. Добра вест е што овој вид на рак може многу успешно да се спречи. Многу студии докажале дека со едноставни промени во исхраната и со промена на животните навики може значително да се намали ризикот за рак на дебелото црево.

Истражувачите претпоставуваат дека порастот на ракот на дебелото црево воглавно е последица на неправилната исхрана и лошите животни навики (пушење, консумирање на големи количини на алкохол, дебелината, физичката неактивност).

Правилна исхрана

Истражувањата покажуваат дека кај луѓето кој јадат воглавно месо, случаите на заболување од рак на дебелото црево се четири пати поголеми отколку кај оние кои јадат воглавно храна богата со растителни влакна.

Здравиот начин на исхрана подразбира внесување на повеќе храна богата со растителни влакна, свежо овошје и зеленчук, а медитеранската кујна особено се препорачува поради честата употреба на маслиновото масло и рибата.

Заштитен ефект има и внесот на калциумот, селенот, витамините Ц, Е и Б. Физичката активност и зголемената телесна тежина, исто така, во голема мерка влијаат на развојот на малигните клетки. Повеќе од 50 различни студии покажале дека ризикот за настанување на ракот на дебелото црево се намалува за една четвртина кај лицата кои се редовно физички активни и имаат нормална, оптимална телесна тежина.

Направете ги скрининг тестовите на време

Научните истражувања, при кои тестирањето на присуството на окултна крв во столицата било спроведено на голем број на жители, покажале дека е можно да се намали смртноста од ракот на дебелото црево. Со овие скрининг тестови, болеста се открива во нејзиниот почетен стадиум, кога сеуште нема присутни симптоми и видливи знаци на болеста. Тогаш и шансите за излекување се големи.

Скрининг тестови за ракот на дебелото црево

Скринингот се прави кај лица кои немаат симптоми или знаци, кој би индицирале постоење на карцином.

Доколку постојат симптоми и знаци, тогаш се прават дијагностички процедури, кои веќе не спаѓаат во скрининг тестови.

Тестови кои се препорачуваат за скрининг на колоректалниот карцином (рак на дебело црево и ректум) се:

Тест за присуство на скриена крв во столицата

Се проверува столицата, бидејќи некогаш во неа може да се најдат мали количини на крв, кои не се видливи со голо око. Причина за микроскопска мелена (крв во столицата) може да бидат присутни бенигни лезии, или пак присутен карцином на дебелото црево, кој е во почетен, ран стадиум. Ова е едноставен и неинвазивен скрининг тест.

Доколку тестот е позитивен, треба да се направат дополнителни испитувања, со цел да се открие точната причина за крварењето.

Постоењето на траги од крв во столицата, не значи и сигурно постоење на карцином, но сепак бара понатамошно иследување, со цел да се исклучи или потврди присуството на карцином.

Секој позитивен наод, мора да биде евалуиран со колоноскопија.

Прочитајте и: Важноста на тестот за окултно крварење како скрининг тест

 

Прочитајте и: