• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Ако не сакате да трчате, тогаш пешачете - Пешачењето дава дури подобри резултати!

Ако не сакате да трчате, тогаш пешачете. Научниците тврдат дека пешачењето е активност која е подеднакво добра за здравјето како и трчањето.

Научниците тврдат дека пешачењето се смета за физичка активност, бидејќи тоа е многу добро за нашето здравје. Пешачењето се грижи за здравјето на нашето срце и ги намалува шансите за настанување на разни болести.

Една студија која била спроведена во „ Lawrence Berkeley National Laboratory“ ги проучила податоците на 33.000 лица.кои возеле велосипед и 16 000 љубители на пешачење за да ги споредат здравствените придобивки од овие активности.

Пешачењето дава подобри резултати

Трчањето и одењето имаат позитивни ефекти на здравјето.

Шест години по почетокот на истражувањето била спроведена преверка над испитаниците. Научниците заклучиле дека трчањето во голема мера го намалува ризикот од висок крвен притисок (за 4,2 %), висок холестерол (4,3 %), дијабет (12,1 %) и срцеви заболувања (4.5 %).

Испитаниците кои редовно пешачеле имале дури и подобри резултати. Така научниците докажале дека пешачењето го намалува ризикот од висок крвен притисок за дури 7,2 %, ризикот од висок холестерол за 7 %, ризикот од шеќерна болест за12,3 % и ризикот од срцеви заболувања за 9,3 %.

Заклучокот на научниците бил дека колку повеќе трчаме и пешачиме толку повеќе имаме придобивки за нашето здравје.

 

Најчитани наслови