• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
10 фактори на ризик за мозочен удар!

Канадските научници направиле листа од 10 фактори на ризик за мозочен удар, кои воглавно се поклопуваат со оние кои можат да доведат до срцев удар (инфаркт).

Научниците го анализирале животниот стил на 3.000 луѓе кои доживеале мозочен удар. Истражувачите ги споредиле податоците со ист број на здрави испитаници (контролна група).

Тие утврдиле 5 фактори на ризик кои се одговорни за дури 80% случаи на мозочен удар, а тоа се: висок крвен притисок. пушење, абдоминална дебелина, лоша неизбалансирана исхрана и недостатокот на физичка активност.

Кога научниците ги додале на следните пет фактори и шеќерната болест, прекумерната консумација на алкохол, стресот и депресијата, срцевите заболувања, и присуството на масни молекули аполипопротеин во крвта, тие составиле листа на фактори на ризик, кои се одговорни за вкупно 90 проценти од случаите на мозочен удар.

Ако сметате дека задоволувате некои од спомнативе критериуми и сте загрижени за вашето здравје, водачот на истражувањето Dr. Martin O`Donnell од Универзитетот McMaster во Онтарио советува промена на животниот стил, што секако значително ќе го намали ризикт од мозочен удар.

Престанете да пушите, или барем намалете го бројот на цигарите од кои сте зависни, намалете го високиот крвен притисок, почнете правилно и здраво да се храните, редовно вежбајте и намалете го консумирањето на алкохол.

Од сите фактори на ризик, високиот крвен притисок е далеку најважен, истакнал водачот на студијата, бидејќи токму тој е одговорен за третина од сите случаи на мозочни удари.

Лицата кои имале проблеми со висок крвен притисок изложени се на поголем ризик од мозочен удар за повеќе од 2,5 пати во споредба со лицата со нормален крвен притисок.

Уште еден битен фактор на ризик е и пушењето, кое е поврзано со еден од 5 случаи на мозочени удари. Пушачите се изложени на двојно поголем ризик од мозочен удар во споредба со непушачите.

Фактори на ризик за мозочен удар

  • Висок крвен притисок
  • Пушење
  • Абдоминална дебелина
  • Лоша исхрана
  • Недостаток на физичка активност
  • Дијабетес
  • Прекумерно консумирање алкохол
  • Стрес и депресија
  • Болести на срцето
  • Присуство на масни молекули аполипопротеин во крвта.
 

Најчитани наслови