• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Хипертензијата поопасна за жените!

Научниците откриле дека постојат битни разлики помеѓу вистинските причинители за висок крвен притисок кај мажите и жените и дека жените со хипертензија имаат поголема склоност да развијат васкуларна болест во споредба со мажите.

Жените кои страдаат од хипертензија се изложени на значително поголем ризик од болести на крвните садови, па поради тоа треба да се лекуваат на друг начин од мажите, потврдило најновото истражување на американските истражувачи.

Покачениот крвен притисок често се нарекува тивок убиец, бидејќи може да доведе до сериозни компликации на срцето и крвните садови, па дури и до смрт.

Научниците откриле дека постојат битни разлики помеѓу правите причини за покачениот крвен притисок кај мажите и жените, и дека жените со хипертензија имаат поголема склоност да развијат васкуларна болест.

Традиционално, лекарите сметале дека причините за покачен крвен притисок се исти за двата пола, па затоа препишувале иста терапија на сите пациенти т.е. и на двата пола. Но, сега истражувачите пд Медицинскиот центар Wake Forest Baptist од Северна Каролина дошле до спротивен заклучок.

Истражувачкиот тим прегледал стотина пациенти постари од 53 години кои имале покачен крвен притисок, но не биле лекувани од хипертензијата која ја имале. Испитаниците не боледувале од други болести, а научниците ги подложиле на тестови за да го утврдат квалитетот на здравјето на нивните крвни садови.

Откриле дека жените со хипертензија имале 30 до 40 проценти повисока стапка на појава на васкуларни болести отколку мажите и покрај истите резултати од мерењето на притисокот. Исто така, откриле разлики во кардиоваскуларниот систем кај посилениот и понежниот пол, вклучувајќи ги и видот на хормоните кои го регулираат крвниот притисок - за што сметаат дека има битен учинок врз сериозноста на болестите на срцето.

Истражувачите предупредиле на важноста на разликувањето на методите на лекување на високиот крвен притисок кај мажите и жените и потребата за развивање на нови протоколи за третман.

 

Најчитани наслови