• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Сојата и пубертетот

Сојата е намирница со висока хранлива вредност, бидејќи содржи многу протеини и фитохемикалии, а малку масти. Се верува дека сојата има позитивни ефекти врз здравјето на возрасните, бидејќи го намалува ризикот од срцеви заболувања, остеопороза и рак, и ги ублажува симптомите на менопаузата.

Сепак, како во јавноста така и во одредени научни кругови, често се говори дека сојата е непогодна намирница за децата.

Сојата и сојиното млеко содржат молекули наречени фитоестрогени кои влегуваат во интеракција со естрогените рецептори, поради што во организмот остваруваат слабо делување слично на хормонот естроген.

Во ситуациите кога нивото на естрогенот во организмот е високо, сојините фитоестрогени се конкуренција на хормоните. Тој ефект довел до настанување на хипотезата за влијанието на сојата во намалувањето на ризикот од рак на дојка.

Науката до сега не успеала со сигурност да ја потврди оваа хипотеза, но постојат индиции дека консумацијата на сојата во детството може да го намали ризикот од рак на дојка подоцна во текот на животот.

Сојата предизвикува големи контроверзии кога станува збор за децата и за времето на влегување во пубертетот. Спротивно на мислењето дека сојата го поттикнува пораното созревање на девојчињата, од истражувачките кругови доаѓаат се повеќе и повеќе докази дека сојата делува токму спротивно - го одложува влегувањето на девојчињата во пубертет.

Нештетливоста на внесувањето на сојата во детството го потврдува и фактот што некои цивилизации со векови обилно консумираат производи од соја во текот на целиот живот, без видливи штетни делувања. Поради тоа би можело да се заклучи дека нема причина зошто децата не би смееле да консумираат соја.

И покрај тоа, во ситуациите кога науката не е сосема сигурна, мудро е да се придржуваме на правилото на умереност, што за децата значи внес од една до две шољички сојино млеко на ден.

 

Прочитајте и: