• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Факти за меланомот Печати

Меланомот е најопасен рак на кожата. Во САД, секој час едно лице умира од меланом. Но, меланомот може успешно да се првенира или рано открие. Ако се открие рано, меланомот е излечив во 99 -100% од случаите. Се проценува дека 19 од 20 случаи на меланом може да се спречат едноставно со подобра едукација за здравите навики за сончање и за раните знаци на меланомот.

Изложувањето на сонце и на другите извори на УВ зрачење (солариум) го зголеми бројот на меланоми кај младата популација. Често се јавува во тинејџерските години и е најчест вид на рак кај младите девојки на 20 годишна возраст. Честотата на меланомот е во постојан пораст и годишно се зголемува за 2.5%, побрзо од било кој друг вид на рак кој може да се спречи.