• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Терапија по стадиуми Печати

План за третман на Ewing саркомот (ЕS)

Бидејќи Ewing саркомот е ретка болест со комплициран третман, пациентите треба да се третираат во специјализирани медицински центри.

Локализирана болест

Комбинираната хемотерапија, како дел од мултидисциплинарниот пристап, значително го зголеми 5-годишното преживување од помалку од 10% на речиси 60%.

Најчесто употребувани лекови се: doxorubicin, vincristine, ifosfamide, etoposide, dactinomycin, cyclophoshamide.

Бројот на курсевите е 12-15 и вкупното време на третман е 8-12 месеци.

Некои протоколи се разликуваат по интензитетот и времетраењето на третманот, според групите на ризик.

Третманот се дели на индуктивна (предоперативна) хемотерапија (3-6 курса), по што следуваат локална (хируршка, радиотерапија или комбинација на обете) терапија и консолидирачка (постоперативна) хемотерапија (8-10 курса).

Локалната терапија опфаќа: хирургија, радиотерапија или комбинација на обете. Покрај тоа што ES е радиосензитивен тумор, хирургијата се претпочита како третман за локална контрола. Треба да се претпочитаат широки хируршки маргини и радиотерапијата треба да се реализира кај пациентите кај кои е направена редукција на тумор или ресекција без широки маргини во здраво. Дозата ќе зависи од локализацијата на туморот, но треба да се движи од 40-45 Gy за микроскопски резидуални лезии 50-60 Gy за макроскопска лезија. Може да се примени хиперфракциониран режим за оптимална интеграција со хемотерапевтскиот протокол.

Метастатска и рецидивантна болест

Пациентите со метастатска болест, во моментот на иницијалната дијагноза, треба да се лекуваат со стандардна хемотерапија, исто како пациентите со локализирана болест.

За пациентите со белодробни метастази, кај кои е постигната комплетна ремисија, треба да се размислува за ирадијација на целото белодробие, а за торакотомија, треба да се размислува кај пациентите со ограничена резидуална макроскопска лезија.

Вообичаено се спороведува палијативна радиотерапија на коскените метастази.

Пациентите кои, по долг слободен интервал од болест, добиваат системски или локални релапси треба да се сметаат како кандидати за палијативен третман.