| Стадиум и градус на болеста |
|
|
|
Стадиум на болеста претставува утврдување на нејзината проширеност. Одредувањето на стадиумот на болеста е клучен фактор за спроведуавање на адекватна терапија кај секој пациент одделно. Според тоа, стадиумот има тераписки и прогностички цели. Системот за утврдување на стадиумот е клинички и се заснова врз најдоброто можно проценување на проширувањето на болеста пред почетокот на третманот. Проценувањето на примарниот тумор се заснова врз инспекција и палпација кога е тоа можно, и врз индиректен преглед со огледало. Соодветните подрачја на лимфните јазли на вратот во кои се остварува лимфната дренажа се испитуваат со внимателна палпација. Туморот мора да биде потврден хистолошки, и може да биде вклучен кој било друг патолошки податок од биопсијата. Дополнителни радиографски испитувања, исто така, можат да бидат вклучени. Магнетна резонанца се применува за проценување на проширувањето на болеста во меките ткива; компјутеризирана томографија се применува за проценување на состојбата на мандибулата и максилата. По завршувањето на другите испитувања се пристапува кон комплетна ендоскопија во општа анестезија, за да се процени површинското проширување на туморот, да се процени со палпација длабоката инфилтрација со инвазија на мускулатурата, и да се олесни биопсијата. Поради инциденцата на мултипли примарни тумори со симултано јавување, неопходно е внимателно испитување за друг примарен тумор во горниот аеродигестивен тракт. Стадиумот се определува според TNM класификацијата дизајнирана од American Joint Comittee on Cancer (AJCC) (3). TNM класификацијаПримарен тумор (Т)ТX: Примарниот тумор не може да биде проценет, Т0: Нема доказ за примарниот тумор, Tis: Carcinoma in situ, Т1: Тумор ≤ 2 cm во најголемиот дијаметар, Т2: Тумор > 2 cm но ≤ 4 cm во најголемиот дијаметар, Т3: Тумор > 4 cm во најголемиот дијаметар, Т4а: Тумор што врши инвазија во ларинксот, длабоката надворешна мускулатура на јазикот, медијалната птеригоидна мускулатура, тврдото непце, или мандибулата, Т4b: Тумор што врши инвазија на латералната птеригоидна мускулатура, латералниот назофаринкс, или базата на черепот, или внатрешната каротидна артерија. Регионални лимфни јазли (N)NX: Регионалните лимфни јазли не можат да се проценат, N0: Нема метастази во регионалните лимфни јазли, N1: Метастаза во поединечен ипсилатерален лимфен јазол, ≤ 3 cm во најголемиот дијаметар, N2: Метастаза во поединечен ипсилатерален лимфен јазол, > 3 cm но < 6 cm во најголемиот дијаметар, или во мултипли лимфни јазли ≤ 6 cm во најголемиот дијаметар, или во билатерални или контралатерални лимфни јазли, ≤ 6 cm во најголемиот дијаметар, N2a: Метастаза во поединечен ипсилатерален лимфен јазол, > 3 cm но < 6 cm во најголемиот дијаметар, N2b: Метастази во мултипли лимфни јазли ≤ 6 cm во најголемиот дијаметар N2c: Метастази во билатерални или контралатерални лимфни јазли, ≤ 6 cm во најголемиот дијаметар, N3: Метастаза во лимфен јазол >6 cm во најголемиот дијаметар. Постојат 3 стадиуми за клинички позитивните лимфни јазли: N1, N2 и N3. Употребата на подгрупите a, b и c не е задолжителна, но се препорачува. Лимфните јазли долж средната линија се сметаат како хомолатерални лимфни јазли. Далечни метастази (М)МX: Далечните метастази не можат да се проценат, М0: Нема далечни метастази, М1: Далечни метастази. Степен на диференцијација на малигните клетки (градус)GX - степенот не може да се процени; G1 - добро диференциран тумор; G2 - средно добро диференциран тумор; G3 - лошо диференциран тумор; G4 – недиференциран тумор. Групирање според AJCC стадиумиСтадиум IТ1 N0 М0 Стадиум IIТ2 N0 М0 Стадиум IIIТ3 N0 М0 Т1 N1 М0 Т2 N1 М0 Т3 N1 М0 Стадиум IVAТ4а N0 М0 Т4а N1 М0 Т1 N2 М0 Т2 N2 М0 Т3 N2 М0 Т4а N2 М0 Стадиум IVBТ4b, кое било N, М0. кое било Т, N3, М0. Стадиум IVCкое било Т, кое било N, М1. |