• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Терапија по стадиуми Печати

Третман

Третманот на карциномот на параназалните синуси и носната празнина зависи од стадиумот на болеста.

Се користат три типа третман:

  • Хируршка интервенција;
  • Радиотерапија;
  • Хемотерапија.

Поради тоа што параназалните синуси и носната празнина учествуваат во говорот и дишењето, потребни се специјални мерки за отстранување на несаканите ефекти од интервенцијата врз карциномот.

Тоа бара мултидисциплинарен пристап и консултација со доктори од различни специјалности, за да се обезбеди најдобар третман. Вежбањето од медицинскиот персонал може да помогне во побрзо закрепнување на пациентот. Пациентот може да има потреба од пластична хирургија, доколку се отстрани голем дел од коскеното ткиво околу параназалните синуси и носната празнина.

Третман по стадиуми на болеста

Третманот на карциномот на параназалните синуси и носната празнина зависи од стадиумот на болеста, возраста на пациентот и општата здравствена состојба.

Врз основа на резултатите од поранешни студии може да се размисли за стандарден третман или да се охрабри пациентот за учество во клиничка студија.

Стадиум I на карцином на параназалните синуси и носната празнина

Третманот зависи од типот на карциномот и од местото каде што се наоѓа.

  • Карцином во максиларните синуси треба да се отстрани хируршки.

Радиотерапија може да се спроведе по хируршката интервенција.

  • За карцином во етмоидалниот синус, третманот може да биде:
    • Радиотерапија, ако карциномот не може хируршки да се отстрани.
    • Хируршка интервенција по која следува радиотерапија.
  • За карцином во сфеноидалниот синус, третманот е ист како и за назофарингеален карцином, односно радиотерапија со или без хемотерапија.
  • За карцином во носната празнина, третманот е хируршка интервенција, радиотерапија или двете.
  • Ако карциномот е папилом, третманот треба да биде хируршка интервенција. Ако карциномот повторно се појави по интервенцијата, треба да се изведе нова хируршка интервенција или радиотерапија.
  • Ако карциномот е меланома или сарком, третманот е најчесто хируршки. За некои типови сарком, треба да се спроведе комбинација од хируршки третман, радиотерапија и хемотерапија.

Стадиум II на карцином на параназалните синуси и носната празнина

  • Третманот зависи од типот на карциномот и од местото каде што се наоѓа.
  • Ако карциномот е во максиларниот синус, третманот треба да биде хируршки. Радиотерапија се дава пред или по хируршката интервенција.
  • Ако карциномот е во етмоидалниот синус, третманот може да биде:
    • Надворешно зрачење
    • Хируршка интервенција по која следува радиотерапија.
  • Ако карциномот е во сфеноидалниот синус, терапијата е иста како кај карциномот на назофаринкс, односно радиотерапија со или без хируршка интервенција.
  • Ако карциномот е папилом, терапијата треба да биде хируршка интервенција. Ако карциномот повторно се појави по интервенцијата, треба да се изведе нова хируршка интервенција или радиотерапија.
  • Ако карциномот е меланома или сарком, третманот е најчесто хируршки. За некои типови сарком, треба да се спроведе комбинација од хируршки третман, радиотерапија и хемотерапија.
  • Ако карциномот е гранулом, третманот треба да биде радиотерапија.
  • За карцином во носната празнина, терапијата е хируршка или радијациона.

Стадиум III на карцином на параназалните синуси и носната празнина

Третманот зависи од типот на карциномот и од местото каде што се наоѓа.

  • Ако карциномот е во максиларниот синус, третманот треба да биде еден од следниве:
    • Хируршка интервенција за отстранување на карциномот. Радијационата терапија се дава пред или по хируршката интервенција;
    • Клинички испитувања на специјални видови радиотерапија дадени пред или по хируршката интервенција.
  • Ако карциномот е во етмоидалниот синус, третманот може да биде:
    • Хируршка интервенција по која следува радиотерапија;
    • Клинички испитувања со давање хемотерапија пред или по радијационата терапија;
    • Клинички испитувања со давање хемотерапија по хируршката интервенција или по комбиниран третман.
  • Ако карциномот е во сфеноидалниот синус, терапијата е иста како кај карциномот на назофаринксот, односно радиотерапија со или без хируршка интервенција.
  • Ако карциномот е во носната празнина, се препорачува еден од следниве третмани:
    • Хируршка интервенција;
    • Радиотерапија со или без хемотерапија;
    • Хируршка интервенција плус радиотерапија;
    • Клинички испитувања со давање хемотерапија пред хируршката интервенција или радијационата терапија;
    • Клинички испитувања со давање хемотерапија по хируршката интервенција или по комбиниран третман.
  • Ако карциномот е папилом, терапијата може да биде хируршка интервенција. Ако карциномот повторно се појави по интервенцијата, треба да се изведе нова хируршка интервенција или радиотерапија.
  • Ако карциномот е меланома или сарком, третманот може да биде хируршки.
    Радиотерапија се применува ако карциномот не може да се отстрани хируршки.
    За некои типови сарком, треба да се спроведе комбинација од хируршки третман, радиотерапија и хемотерапија.
  • Ако карциномот е гранулом, третманот треба да биде радиотерапија.
  • За карцином во носната празнина, треба да се спроведе еден од следните третмани:
    • Надворешно зрачење или брахитерапија;
    • Хируршка интервенција ако карциномот повторно се јавува по третманот;
    • Клинички испитувања со давање хемотерапија пред хируршката интервенција или радиотерапија;
    • Клинички испитувања со давање хемотерапија по хируршката интервенција или комбиниран третман.

Стадиум IV на карцином на параназалните синуси и носната празнина

Третманот зависи од типот на карциномот и од местото каде што се наоѓа.

  • Ако карциномот е во максиларниот синус, третманот треба да биде еден од следниве:
    • Радиотерапија;
    • Клинички испитувања со давање хемотерапија пред хируршката интервенција или радиотерапијата;
    • Клинички испитувања со давање на радиотерапија.
  • Ако карциномот е во етмоидалниот синус, третманот може да биде:
    • Хируршка интервенција по која следува радиотерапија;
    • Радиотерапија по која следува хируршка интервенција;
    • Хемотерапија и радиотерапија давани истовремено;
    • Клинички испитувања со давање хемотерапија пред хируршката интервенција или радиотерапијата.
  • Ако карциномот е во сфеноидалниот синус, терапијата е иста како кај карцином на назофаринкс:
    • Радиотерапија со или без хемотерапија;
    • Клинички испитувања со давање на хемотерапија пред хируршката интервенција или радиотерапијата.
  • Ако карциномот е во носната празнина, се препорачува еден од следниве третмани:
    • Хируршка интервенција;
    • Радиотерапија со или без хемотерапија;
    • Хируршка интервенција плус радиотерапија;
    • Клинички испитувања со давање на хемотерапија пред хируршката интервенција или радиотерапијата;
  • Ако карциномот е папилом, третманот може да биде еден од следниве:
    • Хируршка интервенција. Ако карциномот повторно се појави по интервенцијата, треба да се изведе нова хируршка интервенција или радиотерапија;
      • Клинички испитувања со давање на хемотерапија пред хируршката интервенција или радиотерапијата;
    • Ако карциномот е меланома или сарком, третманот може да биде еден од следните:
      • Хируршка интервенција;
      • Радиотерапија;
      • Хемотерапија;
      • Клинички испитувања со давање на хемотерапија пред хируршката интервенција или радиотерапијата;
    • Ако карциномот е гранулом, третманот може да биде еден од следниве:
      • Радиотерапија;
      • Клинички испитувања со давање на хемотерапија пред хируршката интервенија или радиотерапијата;
    • Ако карциномот е во носната празнина, треба да се спроведе еден од следниве третмани:
      • Надворешно зрачење или брахитерапија;
      • Хируршка интервенција ако карциномот повторно се јавува по третманот;
      • Клинички испитувања со давање на хемотерапија пред хируршката интервенција или радиотерапијата.

    Рекурентен карцином на параназалните синуси и носната празнина

  • Третманот зависи од типот на карциномот, од местото каде што се наоѓа и од типот на третманот што пациентот го примал претходно.
    • Ако карциномот е во максиларниот синус, третманот треба да биде еден од следниве:
      • Радиотерапија сама или по екстензивна хируршка интервенција (ако е преземена ограничена хируршка интервенција при примарниот карцином);
      • Хируршка интервенција (ако радиотерапијата била применета во лекувањето на примарниот карцином);
      • Хемотерапија. Клинички испитувања со тестирање на нови лекови.
    • Ако карциномот е во етмоидалниот синус, третманот може да биде:
      • Радиотерапија сама или по екстензивна хируршка интервенција (ако е преземена ограничена хируршка интервенција при примарниот карцином);
      • Хируршка интервенција (ако радиотерапијата била применета во лекувањето на примарниот карцином);
      • Хемотерапија. Клинички испитувања со тестирање на нови лекови.
    • Ако карциномот е во сфеноидалниот синус, терапијата може да биде:
      • Радиотерапија.
      • Хемотерапија се дава ако радиотерапијата нема ефект.
    • Ако карциномот е во носната празнина, третманот може да биде еден од следниве:
      • Радиотерапија сама или по екстензивна хируршка интервенција (ако е преземена ограничена хируршка интервенција при примарниот карцином);
      • Хируршка интервенција (ако радиотерапија била применета во лекувањето на примарниот карцином);
      • Хемотерапија. Клинички испитувања со тестирање на нови лекови.
    • Ако карциномот е папилом, третманот може да биде хируршка интервенција. Ако карциномот повторно се појави по интервенцијата, треба да се изведе нова хируршка интервенција или радиотерапија;
    • Ако карциномот е меланома или сарком, третманот може да биде хируршка интервенција или хемотерапија.
    • Ако карциномот е гранулом, третманот може да биде радиотерапија.
    • Ако карциномот е во носната празнина, треба да се спроведе еден од следниве третмани:
      • Хируршка интервенција (ако радиотерапијата била применета во лекувањето на примарниот карцином);
      • Радиотерапија сама или по екстензивна хируршка интервенција (ако во третманот на примарниот карцином била преземена ограничена хируршка интервенција).

    Радиотерапија

    Дефинитивна РТ

    Примарен тумор и опсежна аденопатија:

    > 66 Gy (2 Gy/ден) со телетерапија > 50 Gy + брахитерапија

    Врат:

    региони со низок ризик ≥ 50 Gy (2 Gy/ден)

    Адјувантна РТ

    Примарен тумор:

    > 60 Gy (2 Gy/ден)

    Врат:

    Региони со висок ризик: ≥ 60 Gy (2 Gy/ден)