• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Следење по третман Печати
  • Физикален преглед се изведува еднаш на 1 до 3 месеци во текот на првата година, еднаш на 2 до 4 месеци во текот на втората година, еднаш на 4 до 6 месеци од третата до петтата година и понатаму на 6 до 12 месеци.
  • Рендгенграфија на белите дробови се прави доколку е клинички индицирана. КТ или магнетна резонанца на параназалните синуси се изведува доколку постои сомневање за појава на локален рецидив. Доколку е потребно, се прават и ендоскопски испитувања со биопсија. Евалуација на тироидната функција кај пациенти што примале радиотерапија на вратот се препорачува да се врши на секоја прва, втора и петта година.