• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Реконструктивна хирургија по операција на дојка Печати
Ve molam za informacja vo vrska so izveduvane na rekonstruktivna operacija po napraveno celosno otstranuvane na dojka poradi karcinom po kolku godini e najdobro da se izvrsi i kakvi opcii postojat, moze li vo skopje toa da senapravi i kade. [imam 36 god; i operirana sum pred 4 god;] blagodaram

Реконструктивна хирургија на дојка може да се изведе во приватната општа болница РЕМЕДИКА во Скопје, но за подетални иформации за самиот оперативен зафат, како и за можните опции најдобро е да се консултираш со хирурзите во болницата. Инаку, што се однесува до периодот кога може да се изврши овој реконструктивен зафат, нашите хирурзи сепак препорачуваат да поминат барем 6 месеци од операцијата на дојката, т.е. од радикалната мастектомија.

Во тој период обично се завршува и дополнителната постоперативна онколошка терапија. Бидејќи кај тебе поминале 4 години од операцијата, реконструктивниот третман може да се изведе.

За подетални информации најдобро е да се обратиш во Ремедика.

Д-р Л. Ацева