| Урогенитални тумори |
|
|
|
М алигните заболувања се наоѓаат на второ место по честота на јавување по кардиоваскуларните болести. Нивната инциденција рапидно се зголемува и постојат големи шанси овие заболувања да избијат на прво место.
Во светот, а посебно кај нас, на нашиве простори, ракот е сеуште табу тема. Обично, кога ќе се спомне зборот рак или карцином, тој предизвикува вознемиреност, страв, депресија не само кај заболениот, туку и кај членовите на неговото блиско семејство, пријателите и колегите и обично зборот РАК го поистоветуваат со смртта. За малигните заболувања ретко се говори отворено.
|