• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Трихомонијаза (инфекција со Trichomonas vaginalis) Печати

Трихомонијаза е генитална инфекција, која обично се пренесува преку полов однос, најчесто е инфицирана вагината, но исто така може да се инфицира и мочниот канал (уретра) кај двата пола и простатата кај мажите.

Трихомонијаза е најчеста причина за вагинална инфекција.

Доколку е инфицирана уретрата, се јавува печење при мочањето.

Најчести симптоми при трихомонијазата се:

  • Иритација, печење, чешање во пределот на гениталните органи,
  • Пенлив, жолтеникав и со непријатен мирис исцедок од вагината,
  • Често се јавува чувство на непријатност или болка за време на половиот однос.

Се открива со земање на вагинален брис кој потоа се испитува и го докажува присуството на Trichomonas vaginalis, протозоа (праживотно).

Лекувањето е со антибиотици кои се земаат орално, но не за време на бременост или доење.

Трихимонијазата не претставува долготрајна закана за репродуктивниот систем, но и двата партнери треба да се подложат на терапија, иако едниот од нив не покажува симптоми на заболување.

Најдобро лекување на сите полово преносливи болести е превенцијата. Додека за болестите кои се пренесуваат со полов однос (генитален херпес, ХПВ вирусите, ХИВ вирусот), кондомот пружа делумна, но не и 100% заштита, половиот однос со користење на кондом сигурно штити од инфекција со паразитот Trihomonas.

Сè што доаѓа во контакт со вашите полови органи го зголемува ризикот за пренесување на инфекцијата, па затоа немојте да користите заеднички пешкири, костими за капење, интимна облека, сунѓери за капење и слично.

Имајте на ум дека овој микроорганизам (Trichomonasom vaginalis) може да живее надвор од човековото тело дури 45 минути, што значи дека може да биде пренесен и на друг, доколку се наоѓа на влажни предмети (на пример пешкири) и дојде во контакт со друго лице, кое не е заразено, а може да се зарази на овој начин.

 

Најчитани написи