Хируршко лекување |
Хирургијата е најстара и една од најзначајните гранки во окологијата. Таа се применува кај најголемиот број на тумори кои се јавуваат кај човекот: туморите на дигестивниот тракт, ракот на дојката, на уринарниот систем, на централниот нервен систем, кај туморите на машките и женските генитални органи, кај меланомот, мекоткивните тумори и некои коскени тумори. Хирургијата може да биде радикална (куративна - цел е излекување) или палијативна метода (цел е намалување на симптомите и знаците на болеста и подобрување на квалитетот на животот на пациентот). Под радикална хирургија се подразбира комплетно отстранување на туморот со широки граници на здравото околни ткиво, избегнувајќи, притоа имплантирање или дисеминација на туморските клетки. Од радикалната хирургија се очекува излекување, или барем во најмала мерка, долготрајно преживување. При тоа, болеста треба да биде во ран стадиум, односно да се работи за тумор со мали димензии. Честопати е нужно, покрај примарниот тумор да бидат отстранети и регионалните лимфни јазли, од што во голема мерка ќе зависи и прогнозата на болеста. Поради тоа, хируршката терапија е локо-регионална терапија. Таа рутински се применува кај ракот на дојката, при што, освен мастектомија (целосно отстранување на дојката) или туморектомија (отстранување на целиот тумор со дел и на околно здраво ткиво), се спроведува и хируршко отстранување на регионалните лимфни јазли во пазувата. При ресекција на желудникот, ректумот или дебелото црево, се отстрануваат и околните, регионални лимфни јазли. Во радикалната хирургија спаѓаат и суперрадикалните операции. Тие се изведуваат кај локално напреднати тумори кои инфилтрирале. т.е. ги зафатиле и соседните органи, а без присуство на далечни метастази. Типичен пример за ваква операција е ресекцијата на желудникот заедно со ресекција и на мезоколонот (дел од дебелото црево), панкреасот и црниот дроб. Пример за суперрадикална операција е и операцијата на Brunschwig, која се изведува кај стадиум IV на ракот на грлото на матката пришто заедно со матката се отстрануваат и ректумот и мочниот меур. Благодарение на новите достигнувања во хирургијата, современата анестезија и реанимација, постоперативната смртност кај овие случаи е значително намалена. Секако, вака сложени операции се изведуваат само во високо специјализирани онколошки центри. Голем придонес во терапевтските резултати има и пластичната или реконструктивна хирургија и васкуларната хирургија, кои со успех ги покриваат дефектите после мутилантните (опсежни, осакатувачки) хируршки интревенции, особено кај туморите на главата и вратот, опсежни карциноми на кожата и друго. Палијативната хирургија има за цел да ги отстрани или ублажи одредените симптоми (болка, крварење, опструкција), да ги спречи компликациите од присутниот тумор и да обезбени подолг и подобар квалитет на живот кај болниот. Во палијативна хирургија спаѓаат:
Терапија со ласерОвој вид на терапија се користи со успех во третманот на туморите на гастроинтестиналниот тракт како кај: ракот на желудникот, дебелото црево, ректумот, потоа кај ракот на мочниот меур, туморите во усната празнина и грлото, интраепителијалниот рак на грлото на матката или вулвата (локална контрола се постигнува кај дури 90% од случаите). Во торакалната хирургија се применува како палијативна интервенција при малигна опструкција (запушување) на душникот и дишните патишта (бронхиите). Освен тоа, ласер терапијта има и голема хемостатична улога (го прекинува крварењето), со што се скратува и времето на оперативната интервенција. Ласерската терапија се користи и во комбинација со фитохемотерапијата, при што се употребуваат одредени фитосензибилизирачки средства, најчесто порфирините кои се задрзуваат во малигните клетки, ја апсорбираат ласерската енергија и предизвикуваат селективна некроза (уништување) на туморот. Ова се користи при ракот на хранопроводникот, ракот на кожата, на јајникот, на мочниот меур и на дојката. Хирургијата има улога и во превенција на одредени малигни заболувања, со хируршко отстранување на преканцерозните лезии на пример на: кожата, усните, грлото на матката, полипите на дебелото црево, кај мешаните тумори на паротидната жлезда и други. |
Преглед на тестиси како превентива во навремено откривање на ракот на тестис.
[Преземено од YouTube]
За раното откривање на болеста многу е важна едукацијата на младата машка популација. Тие треба да се информираат за раните симптоми и знаци на болеста, за значењето на самопрегледот...
Многу е важно да машкото точно ја познава големината и обликот на своите тестиси, за да може да ги примети промените. Најчест симптом на карциномот на тестисот е присуство на мала, безболна тврдина...
Рак на простатата, раскажува д-р Реј од клиниката за третман на ракот на простата - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]
Простатата е орган со жлездесто-мускулна структура, чиј алкален секрет влегува во составот на семената течност (сперма)...
За одредување на најадекватна тераписка опција за одреден пациент, се разгледуваат многу фактори...
Настанување и ширење на ракот на дебелото црево - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]
Карциномот на дебелото црево бара доживотно следење (follow-up)...
Дијагнозата се поставува со внимателно земена анамнеза, физикален преглед по системи...
Настанување и типови на ракот на кожата - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]
Меланомот претставува малигно буење на меланоцитите, клетки кои го произведуваат пигментот на кожата. Тоа е најмалигни облик на кожен карцином и е најчеста причина за смрт од кожен карцином...
Најчесто карциномот започнува како мала, сјајна папула која бавно и постепено се зголемува и по неколку месеци се појавува сјаен, бисерен раб со назначени проширени крвни садови...
Радиотераписки третман кај рак на дојка. Радиотерапијата ја одредува лекар специјалист (радиотерапевт и онколог).
[Преземено од YouTube]
Ракот на дојката е системско заболување, дисеминиран процес, кој, уште од најраните фази на својот развој, е склон кон метастазирање...
Ракот на дојката во својот почетен, ран стадиум е обично асимптоматски...