• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Oралниот секс поврзан со туморите на главата и вратот

Бројот на карциноми на јазикот, на усната шуплина и на грлото предизвикани од ХПВ вирусот, еден од најголемите причинители за ракот на грлото на матката, се зголемил за 30%.

Бројот на случаи на карциноми на усната шуплина, предизвинаи од вируси пренесени со орален секс, нагло се зголемил во последниве 30 години. Научниците сметаат дека причина за тоа се промените во сексуалното однесување.

alt alt
alt alt
Слика: Видови на ХПВ вирус

Бројот на карциноми на јазикот, усната шуплина и грлото, предизвикани од ХПВ вирусот, се зголемил за околу 30% од 1973 до 2004 година. Тимот од Универзитетот „Džons Hopkins“, под водство на Maure Gilison, ги проучувал трендовите на оралните карциноми према регистрите на американскиот Национален институт за канцер.

Претходните трудови на овој, но и на другите научни тимови, веќе ја утврдила врската помеѓу одредени видови на вируси, кои се вообичаено пренесуваат со сексуален однос, и оралниот карцином. Последната студија, која испитувала скоро 46 000 случаи, е прва студија која го потврдила зголемувањето на бројот на карциноми на устата и голтникот предизвикани од сексуалните активности.

„Знаеме дека ХПВ е доминантен предизвикувач, поготово меѓу младите луѓе, и тоа не би требало да не изненадува, со оглед на тоа дека луѓето од сексуалната револуција па наваму имаат повеќе сексуални партнери“ - вели Лесли Вокер, директорката на „Кенсер рисерч UK“.

„Најголем пораст забележан е кај младите бели луѓе, што говори за тоа дека оваа друштвена група веројатно повеќе практикува орален секс денес отколку пред 20 години“ - објави американскиот тим.

Тие велат дека се потребни понатамошни истражувања во врска со улогата на расната припадност и сексуалното однесување во поглед на порастот на бројот на заболени.

„Младите мораме да ги вакцинираме против ХПВ за да ги заштитиме од болеста“ - вели Гилисон.

Невладината организација „Орал кенсер фондејшн“ ја повикува американската Управа за храна и лекови да „се придвижи и го одобри вакцинирањето за да се намали присаството на вирусот ХПВ16 (посебно агресивен тип)“.

Од рак на крајниците и грлото годишно заболуваат двајца од 100 000 возрасни Американци, и речиси половина милион луѓе широм светот.

 

Најчитани наслови