• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Нов тест за рано откривање на ракот на белите дробови

Оштетувањето на клетките на усната празнина може да укаже и на слични оштетувања во белите дробови, кои потоа доведуваат до развој на рак, велат истаржувачите од Универзитетот во Тексас. Според нив, ова откритие отвара можност за развој на едноставни, неинвазивни тестови со кои, без болни и опасни биопсии, би можело да се предвиди настанувањето на ракот на белите дробови.

На овој начин би можело да се предвиди и развојот на други облици на рак, кои се чести кај пушачите, како што е ракот на панкреасот и ракот на мочниот меур.

Пушењето е најчеста причина за рак на белите дробови, рак на усната празнина, на грлото, на голтникот, но причина е и за настанување на други малигни заболувања.

Околу 90% од белодробните карциноми кај мажите и околу 83% кај жените се предизвикани од тутуновиот дим, било да е тој внесен активно, преку пушење или пасивно, преку престојување во простории каде се пуши (пасивни пушачи).

Белодробниот карцином се наоѓа на прво место по честота на јавување од сите малигни заболувања кај мажите (според светските статистики инциденцата изнесува од 20% до 22%).

Белодробниот карцином е на трето место по честота на јавување од сите малигноми кај жените (инциденца 11%).

Тој е најчеста причина за смрт од малигни заболувања и кај двата пола (34% кај мажот и 21% кај жената).

Статистичките податоци за белодробниот карцином за 2008 година, за САД се:

  • регистрирани нови случаи: 215,020
  • умрени: 161,840
 

Најчитани наслови