• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Дали ракот е заразна болест и дали може да се пренесе на друг? Печати
Вака, прво не знам дали на вистинско место прашувам, ама барав сегде и ова ми се виде како најсоодветно место за моето прашање: Бремена сум 21 недела после 4 годишна макотрпна борба со неплодност, а мојата бременост е исто така високо ризична. Свекрвата е оперирана од рак на дојката пред 2 години,а сега е констатиран тумор на јајникот кој е проширен на цревата и и се собира вода во стомакот. Ја одбија за операција и сега на сето ова јас сум избезумена, знам дека ништо не е заразно, но ве молам да ми кажете дали постои ризик за бебето, некој вирус или не знам што повеќе... или преку плунката, дали постои опасност-мојата ситуација ме натера од се да се плашам.
Благодарам однапред на одговорот - се надевам ќе ме смирите.

Ме радува што си ја победила борбата со неплодноста и што сега очекувате принова. Тоа е среќна вест за тебе и треба да уживаш во својата бременост, а не да се плашиш без потреба.

Ракот е болест која не се пренесува ниту преку плунка, ниту на било кој друг начин, од еден човек на друг. Значи, тоа што твојата свекрва е болна од рак на дојка и на јајник не претставува никаква опасност за ниеден член од твоето семејство, па според тоа ниту за тебе и твоето бебе. Слодобно можес да бидеш во близина на својата свекрва и да и помагаш, колку што твојата ситуација ти дозволува.

Спомна дека твојата бременост е ризична. Затоа ти препорачувам редовно да одич на контроли кај својот гинеколог и да се придржуваш до неговите совети.

Ти посакувам се најдобро.

Се надевам дека те смирив со мојот одговор и дека твојот неоснован страв ке исчезне.

Поздрав,

Др. Л. Ацева
специјалист радиотерапевт и онколог