• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Со трансплантација излечиле ХИВ?
alt

Во светот се прошири веста за прво излекување на пациент со ХИВ-вирус, кој боледувал и од леукемија. Со трансплантација на матични клетки отпорни на вирусот на СИДА, кај пациентот е постигнат одличен одговор.

Веќе скоро 2 години 42-годишниот Американец живее без присуство на ХИВ вирусот и леукемијата, од кои боледувал 10 години. Кај пациентот бил изведен комплексен и ризичен зафат на трансплантација на коскена срцевина.

Тимот од лекари, предводен од D-r Hutter и Schneider од болницата Carite во Берлин, на пациентот му пресадил матични клетки од коскена срцевина на донор со природна отпорност на ХИВ - вирусот. Овие матични клетки спречуваат да ХИВ-вирот се развие во болест - СИДА. Пред трансплантацијата на матичните клетки, била уништена сопстената коскена срцевина на пациентот,со цел комплетно да се отстрани ХИВ – вирусот.

„Повеќе од 20 месеци по успешната трансплантација, кај болниот нема повеќе траги од ХИВ – вирусот. Ги направивме сите тестови, не само на крвта, туку и на другите ткива и органи каде би можел да биде скриен вирусот. Но, не можеме со сигурност да ја исклучиме можноста дека вирусот сепак не се крие некаде. Вирусот е непредвидлив и секогаш може да се врати“, изјавиле докторите на прес-конференцијата по повод ова чудотворно излекување.

Нагласено е дека овој зафат не би можел да стане и стандарден третман за лекување на ХИВ – инфекцијата, бидејќи пациентот при овој зафат останува, во тој момент, без никаква имунолошка одбрана, и поради тоа, секоја мала инфекција би можела да биде смртоносна за него.

Генетската мутација наречена CCR5, која ги штити носителите на ХИВ-вирусот може да се открие кај 3% од Европјаните, додека СИДА-та годишно убива 2 милиони лица, а се проценува дека од ХИВ – вирусот боледуваат 33 милиони луѓе во светот.

 

Најчитани наслови