• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Дванаесет совети за да се спречи ракот Печати

Здравите луѓе обично помалку мислат за болестите, па така и за ракот, додека болните се многу заинтересирани да го подобрат своето здравје и да ја победат болеста.

За да ја спречиме болеста, мораме навреме да превземеме одредени мерки, кои не се ни малку комплицирани.

Постојат многу истражувања за тоа што се може да го намали ризикот за настанување на ракот или што се им помага на веќе заболените од рак во борбата против оваа сериозна болест.

Од советите кои во своите книги ги навеле американските научници John Hopkins Entoni Sattilaro и Tom Monte ги издвојуваме следниве:

  1. Престанете со пушење и избегнувајте задимени простории, како и улици со многу смог.
  2. Јадете што повеќе зелен зеленчук како што се цвекло, шпаргла, купус, кељ, брокула, магданос, лук, кромид, целер, морков, ротква, тиква, краставица...
  3. Намалете го месото во својата исхрана, а зголемете ја количината на интегрални житарици. Наместо бел леб и бели тестенини користете го интегралниот леб и тестенини од интегрално брашно. Се препорачуваат нерафинирани житарици: интегрален ориз, пченица, јачмен, пченка, просо, `рж...
  4. Мешункастиот зеленчук, покрај витамини содржи и многу важни протеини, па се препорачува да се јаде почесто соја, грав, леќа, грашок, боранија...
  5. Од месо треба да се користи месо од живина (без кожата) и риба која има малку масти, како и пилешка и рибја чорба.
  6. Од додатоци на храната и од зачини најздрави се: семките од сусам и сончоглед, маслиновото масло, лимоновиот сок, магданосот, џумбирот, јаболковиот оцет и ренот.
  7. За десерт и пијалок со ручекот, се препорачува овошје и овошни колачи со што помалку шеќер. Треба да се избегнуваат пијалоци што содржат кофеин, вештачки додатоци и бел шеќер. Алкохолот треба да се намали, а ако веќе се пие, се препорачуваат природно пиво и вино. Пијалокот и јадењата не смеат да бидат ледени, бидејќи внесувањето на ладна храна или пијалок претставува шок за организмот.
  8. Редовната умерена физичка активност е добра за здравјето и за витката линија.
  9. Подобрете го својот имунитет. Со тоа се борите против сите болести, па и против ракот.
  10. Антиоксидансите, витамините и минералите, а особено витаминот Е ја зголемуваат одбрамбената способност на организмот против клетките на ракот.
  11. Заморот, нервозата, стресот, лутината создаваат во телото поволна клима за развој на малигните клетки. Затоа се препорачува почесто да се одмараме, подобро да ги планираме своите секојдневни активности, да бидеме оптимисти.
  12. Клетките на ракот не го сакаат кислородот. Тој го спречува нивниот раст. Затоа се препорачува редовно вежбање и шетање на чист воздух со длабоко и правилно дишење. Терапијата со кислород ги уништува клетките на ракот и го оневозможува нивното развивање.

Ова се совети за здравите луѓе, но им се препорачуваат и на оние кои се болни од рак и кои се веќе на терапија.

 

Прочитајте и: