• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Антидепресивите и ризикот од појава на лимфом

Антидепресивите се поврзани со појавата на не - Хочкин лимфомот. Ова е објавено во ReutersHealth. Лицата кои користат т.н. трициклични антидепресиви имаат зголемен ризик за развој на не - Хочкин лимфом (NHL), покажуваат новите истражувања.

„Веќе порано објавивме дека постои зголемена инциденца на не-Хочкин лимфомот кај лицата кои долго земаат тициклични антидепресиви, во студијата која испитуваше повеќе од 30 000 лица кои беа на терапија со антидепресиви“, истакна dr. Susanne Oksbjerg Dalton, од Данското здружение за канцер во Копенхаген.

Друга, пак, популациска студија не ги потврдила овие резултати, но упатила на можното зголемување на не-Хочкин лимфомот кај пациенти кои долго време биле на терапија со трициклични антидепресиви.

Во јулското издание на часописот Epidemiology, Далтоновата група ги објавила новините од нивната студија која го зголемила бројот на испитаници на популација од 354 551 возрасни луѓе во North Jutland County.

Помеѓу 1989 и 2003 година истражувачите ја споредувале честотата на не - Хочкин лимфомот кај оние лица кои земале антидепресиви и оние лица кои не земале антидепресиви. Од 43 932 поединци кои земале антидепресиви, 11 958 користеле трициклични антидепресиви, 22 695 земале друг тип на антидепресиви кои се познати како агонисти на рецепторите на серотонинот (SSRIs), 4 421 земале некој друг антидепресив, а 4 858 земале повеќе од еден вид на антидепресив.

Опишани се 92 случаи на не - Хочкин лимфом и според изјавите на тимот, во сите случаи постоела силна поврзаност помеѓу земањето на трицикличните антидепресиви и не - Хочкин лимфомот. Кај лицата кои земале други видови на антидепресиви не бил најден зголемен ризик за појава на не-Хочкин лимфомот.

Истражувачите на крај заклучиле дека поради високата честота на земање на антидепресиви, добиените резултати бараат дополнителни студии кои ќе опфатат доволно испитаници и ќе можат да го оценат ризикот према типот и дозата на антидепресивите и субгрупите на лимфоми.

 

Најчитани наслови