• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Dr. Peer: Прозак - неспецифичен блокатор на канцерската резистентност

Лекот прозак редовно се препишува за да се намали емоционалната болка кај пациентите кои се лекуваат од карцином. Но, може ли овој често користен антидепресив да помогне и во борбата против самиот рак? Dr. Dan Peer од Одделот за клеточно истражување и имунологија при Универзитетот во Тел Авив докажува дека може.

Студијата, која Dr. Dan Peer и неговите колеги ја завршиле, потврдила дека антидепресивот прозак (хемиско име fluoxetine) драматично ја зголемува ефикасноста на широко применуваните антиканцерски лекови.

„Добрата вест е дека медицинската заедница нема да мора да чека. Прозак може да се користи, и за таа цел, веднаш“, истакнал Dr. Peer, напоменувајќи дека докторите во САД веќе го препишуваат лекот за третман на депресијата кај пациентите кои примаат хемотерапија.

Борејќи се против отпорноста на лековите кај пациенти со рак на дебело црево

„Прозак е многу интересен неспецифичен блокатор на канцерската резистентност“, вели Dr. Peer, чија студија била фокусирана на ракот на дебелото црево и антиканцеркиот лек doxorubicin.

Во лабораториските експерименти, научниците од Универзитетот во Тел Авив, откриле дека лекот прозак ја засилува ефикасноста на цитостатикот doxorubicin за повеќе од 1 000%. Прозак, всушност, го спречува антиканцерскиот лек да ја напушти внатрешноста на канцерската клетка и на тој начин да ги оштети и здравите неканцерски клетки кои ја опкружуваат малигната клетка.

Во животинските модели, умерената doxorubicin-fluoxetine третманска комбинација, значително ја забавува туморската прогресија. Овие резултати препорачуваат дека додавањето на прозак на хемотераписките лекови за да се заузда резистенцијата према лековите, оправдуваат понатамошна клиничка студија“, вели Dr. Peer. Неговото истражување е тукушто објавено во Cancer Letters, и неговите предлози се сега наведени како препораки во најновата верзија на Канцер енциклопедијата (Cancer Encyclopedia).

„Работејќи со големите фармацевтски компании, ние го докажавме потенцијалот на антидепресивот прозак и сега Универзитетот во Тел Авив може да направи хуманитарен обид за спасување на многу животи на нашава планета“, вели Dr. Peer.

„Бидејќи антидепресивот прозак е често препишуван лек кај пациентите, невозможно е Универзитетот во Тел Авив да го комерцијализира своето истражување, вели Dr. Peer. Тој во замена предлага интернационалните научници да ги здружат своите сили и да спроведат ретроспективни (наназад) клинички студии за сите видови на канцерски третмани во кои прозакот бил препишан. Исто така, потребни се и понатамошни клинички експерименти за да се докаже користа на прозакот даден заедно со хемотерапијата.

„Следниот чекор е да се земат историите на пациентите со хемотерапија и да се утврди дали тие примале прозак за нивната депресија“, вели Dr. Peer.

„Ова ќе го рационализира разбирањето во научната заедница за тоа како и за кои антиканцерогени лекови прозак може да биде ефикасен партнер. Тоа, исто така, ќе ни даде и драгоцени информации за тоа како да дизајнираме нови лекови“, вели Dr. Peer.

Универзитетската лабораторија на Dr. Peer во Тел Авив, исто така, развива и неколку нови нанотехнологии за создавање на нови лекови за рак на дојка, за рак на панкреас, за мозочните тумори и леукемиите.

 

Најчитани наслови