• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Алтернативи методи кај канцерот
Грицкајте здрави семки, ама умерено! Печати

Најновите истражувања покажуваат дека оревите, бадемите, лешниците и ф`стаците се одлични за превенција на срцевите заболувања.

Уште повеќе, ова истражување покажало дека честото консумирање на овие семки може да помогне повеќе од лековитото маслиново масло. Авторите на истражувањето, шпанските научници, нагласуваат дека потребно е покрај овие семки да се применува и медитеранска исхрана, во која доминира рибата, лукот, виното и свежото овоштие и зеленчук, бидејќи во спротивно, ако се консумираат со „брза храна - fast food“ нивниот ефект би изостанал.

Исто така тие нагласиле дека семките од јатчестите овоштија содржат многу антивоспалителни состојки, влакна и антиоксиданси кои се неопходни за одржување на здравјето кај човекот. Тие состојки го намалуваат крвниот притисок и делуваат поволно на работата на срцето.

Срцевите заболувања се многу често поврзани со неправилната исхрана и пореметениот метаболизам, па на срцевите болни често им се препорачува правилна исхрана богата со здрави масти, какви најчесто се наоѓаат во спомнативе јатчести овоштија.

 

Најчитани текстови