• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Зелка - здрава храна и лек за чир во желудник

Како делува зелката?

Зелката содржи природни состојки кои дејствуваат како лекови против чирот. Фактот дека зелката може да помогне во лекувањето на чирот, е утврден уште во 50–те години на минатиот век, во обидите на д-р. Гарет Чени од Медицинскиот факултет при Универзитетот во Станфорд. Тој докажал дека околу 1,1 литар свеж сок од зелка на ден помага во ублажувањето на болките и го лекува желудечниот чир, како и чирот на дванаестопалечното црево поуспешно и подобро дури и од стандардните терапии.

Зелката делува благотворно при чирот на желудникот, најверојатно зајакнувајќи ја отпорноста на слузницата на желудникот.

Зелката содржи гефаркат, соединение кое се користи како лек против чир, како и соединение слично на карбеноксолон, уште еден, поретко користен лек за чир. Всушност, овие состојки ги поттикнуваат клетките да формираат тенка бариера која има улога на „штит“ од нападите на желудечната киселина.

Во едно истражување на Индискиот централен институт за истражување на лекови во Лакнова, експерименталните заморчиња кои боледувале од чир, услеале да ги излекуваат со сок од зелка.

Во текот на третманот биле изработени опсежни микроскопски снимки на промените на клетките, докажувајќи дека сокот од зелка предизвикува зголемена активност на слузта која ги обновува загноените клетки, постапка која води до потполно закрепнување.

Друга можност е дека зелката има и антибиотски својства. Во лабораториските испитувања е утврдено дека зелката уништува низа на бактерии, можеби меѓу нив и ја уништува бактеријата H. pylori, која во денешно време се смета за најодговорна за појавата на чир на желудникот.

 

Прочитајте и: