• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Алтернативи методи кај канцерот
Сувите лисја од папаја го зајакнуваат имунитетот Печати

Поради големото количество на витамин Ц, чајот од папаја има важна улога во зајакнување на имунолошкиот систем.

Овошјето кое во својот состав содржи каротин ни помага да го одржиме здравјето. Од сите егзотични овошја папајата содржи најмногу каротиноиди, дури 3,34 милиграми на 100 грама маса. Луѓето кај кои клеточните мембрани се богати со каротин изгледаат помлади, повитални и се со добро здравје.

Поради присуството на каротин, растителниот свет развил совршено одбрамбено оружје против уништувачките слободни радикали, непријателски настроените микроорганизми, агресивните паразити и вируси.

Прочистувачкото дејство на папајата достигнува до сите клетки.

Од посебно значење се листовите од папајата кои во својот состав содржат папаин, бета каротин и витамин Ц, повеќе од самиот плод. Чајот од листовите на папајата ги чисти наталожените отровни материи од дигестивните патишта, ги измива цревните ресички, ги прочистува и освежува цревата, а со тоа овозможува нормално функционирање на цревната флора.

Поради големото количество витамин Ц, чајот од папаја има важна улога во зајакнување на имунолошкиот систем. Чајот се препорачува како кај возрасните, така и кај деца кои имаат нередовна столица и потешкотии со мочањето, а исто така, и како превентива против цревни инфекции.

Чајот од исушените лисја од папаја заштитува и освежува. Се подготвува така што младите листови од папаја се берат и се сушат до температура од 45 Целзиусови степени. На тој начин се зачувани сите делотворни материи што ги содржи листот.

Во екстрактите од листовите на папајата истражувачите пронашле особено важни материи, како што се карпаин и псеудокарпаин. Овие два алкалоида долго време се применуваат како природно средство за зајакнување на срцето, а во поново време и како природно средство за превенција на ракот.

Индијанците го користат чајот од суви листови за снижување на крвниот притисок и срцеви заболувања.

Д-р Алфрет Вогел на своето патување но Јужна Америка открил дека Индијанците повеќе пати во текот на денот џвакаат листови од папаја со цел да се заштитат од инфективни болести.

Во Нигерија сувите листови од папаја се пушат.

Повеќе движење, правилна исхрана збогатена со овошје богато со ензими, како што е папајата, ананасот, кивито и други, а сето тоа во комбинација со чајот од суви листови од папаја, се силна ефикасни и во борбата со целулитот.

За мускулни и ревматски заболувања, листовите може да се измешаат со рицинусово масло и да се нанесат на воспаленото место. Ваква облога може да се стави на лицето и да послужи како лосион за освежување на лицето и за прочистување на акните.

Чајот од сушени листови од папаја го надополнува благопријатното дејство на ферментираната зелена папаја во борба против болестите на модерното време.

 

Најчитани текстови