| Хепатит Ц и исхрана |
|
|
Ако не постои оштетување на функцијата на црниот дроб, и ако не е акутна фаза на хепатит, не е потребна некоја посебна диета, туку само треба да се внимава да се консумира лесна, немасна храна и не премногу зачинета, да не се консумира алкохол и газирани сокови. Но еве ги подетално препораките за исхрана. Исхрана при хронична болест на црниот дроб/хепатит Б и ЦКај хроничните болести на црниот дроб, сè додека е сочувана нормалната функција на црниот дроб, не е потребна специјална диета, освен избегнување на алкохол и консумирање на здрава храна. При појава на оштетување на функцијата на црниот дроб, обавезно е да се консумира лесна храна, и да се избегнув алкохол. Во исхраната на пациентите со хронична болест на црниот дроб се препорачува посно пилешко, јунешко, телешко и јагнешко месо и риба, а би требало да се избегнува консумирање на сувомеснати производи, свинско месо, кобасици, масни риби. Месото најдобро е да е варено, динстано или печено, а да се избегнува пржење во многу зејтин. Како прилог со месото може да се користат сите видови на тестенини и ориз, интегрален леб. Не се препорачуваат пржени тестенини и оние кои се богати со квасец. Од зеленчук се препорачува: компир, спанаќ, зелена салата, морков, цвекло, блитва, шпаргла. Најдобро е тие да се консумираат варени или во вид на салата, односно свежи. Не се препорачува грав, грашок, зелка, кељ, лук, кромид, краставица и пиперка. Треба да се избегнува масна храна, а од масти се препорачува растителен зејтин, посебно маслиновото масло. Треба да се избегнува путер и свинска маст. Од зачини се препорачуваат: магданос, лимон, копар, босилок, а строго се забранува бибер, сенф, мајонез, лути пиперки и други јаки зачини. Од млеко и млечни производи треба да се одбере младо кравјо сирење и немасен јогурт, а да се избегнува масно сирење и павлака. Овошјето е најздраво да се консумира свежо, а може да се консумира и варено или пасирано. Она што треба секако да се избегнува се масните колачи богати со ореви, бадеми и чоколада. Предност им се дава на немасните, посни бисквити и колачи. Од пијалоци се препорачуваат благи чаеви (од нане и од камилица). Другите чаеви не се препорачуваат. Од сокови се препорачуваат природно направените сокови, исцедени од свежо овошје. Треба да се избегнуваат газирани сокови и алкохол. Поздрав. Др. Л.Ацева |