• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Хранливи намирници кои често ги користат вегетаријанците

Сe повеќе луѓе ширум светот ја прифаќаат вегетаријанската исхрана, која се темели на намирници од растително потекло (житарици, овошје, зеленчук, мешункасти и јатчести плодови и семки).

Вегетаријаците почесто консумираат некои намирници, кои им се помалку познати на луѓето кои не применуваат ваква исхрана. Бидејќи вегетаријаците не консумираат месо и месни производи, т.е. намирници од животинско потекло, тие потребните протеини ги обезбедуваат со консумирање на други намирници, кои се богати со растителни протеини.

Сојата е добар извор на протеини. Таа обезбедува големи количини на висококвалитетни растителни протеини. Во продавниците за здрава храна може да се набави тофу, соино млеко, колачи од соја, тептех.

Но, што е тоа тофу? Тофу се нарекува и сирење од соја, бидејќи се произведува слично како и сирењето, со згрутчување на протеините во соиното млеко. Поради богатиот протеински состав како сејтанот и темпехот, тофуто е одлична замена за месо. На пазарот може да се најде свежо тофу, разни намази и мајонез од тофу.

Друг начин на консумирање на сојата е со припремање на темпех. Темпехот се добива со ферментација на зрната од соја, богата е со калциум, железо, фосфор и магнезиум и не содржи холестерол. Освен со минерали, темпехот е богат и со протеини, па е, исто така, одлична замена за месо кај вегетаријанците. Конзумирањето на темпех има позитивни ефекти врз здравјето, па се препорачува да биде дел од секојдневната исхрана и кај лицата кои не практикуваат вегетаријанска исхрана.

Други растителни намирници, кои почесто ги консумираат вегетаријаците отколку другите луѓе, а кои изобилуваат со корисни и здрави нутритиенти се: сејтан, квиноа и амарант.

Сејтанот го нарекуваат уште и пченично месо, а се добива со испирање на пченично брашно. Тој е одлична замена за месо во вегетаријанската исхрана. Исклучително е богат со протеини, а содржи многу малку маснотии.

Квиноа е, исто така, малку позната житарка. Неа ја одгледувале Инките уште пред 6000 години и ја нарекувале мајка на житарките. Нутритивната вредност на квиноа е исклучителна бидејќи содржи големи количини на протеини, влакна, калциум, железо, витамин Е и Б, а бидејќи не содржи глутен, погодна е за лицата заболени од целијакија.

Амарант е вид на житарица, чие име потекнува од грчки збор, а кој значи "бесмртен". Таа е одличен извор на протеини, влакна, калциум, кој го има повеќе и од млекото и железо. Лесно е сварлива што го прави совршена храна за болни.

 

Прочитајте и: