• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Скрининг после рак во детството Печати

Според резултатите од истражувањата, повеќето млади жени кои се лекувани со зрачна терапија (радиотерапија) во пределот на градниот кош, поради рак во детството, не одат на препорачаните скрининг мамографии.

Во моментов постојат 20 000 до 25 000 жени на возраст од 25 години, кои поради рак во детската возраст биле лекувани со умерени до високи дози на зрачење во педелот на граднит кош. Тие жени имаат зголемен ризик за развој на рак на дојка подоцна во текот на животот.

Ризикот за настанување на рак на дојка започнува рано, после 8 години од спроведената радиотерапија.

Дијагнозата на ракот на дојката кај тие жени типично се поставува на возраст од 32 до 35 години. На возраст од 45 години, 12% до 20% од преживеаните жени ќе бидат дијагностицирани со рак на дојка.

Научниците им препорачуваат на тие жени да почнат со редовни годишни мамографски прегледи, и тоа на возраст од 26 години или 8 години по лекувањето со радиотерапија. Но, нвата студија открива дека многу жени не се придржуваат на овие препораки за скрининг на ракот на дојката и не одат на редовни годишни скрининг мамографски прегледи на дојките.

Во студијата, која ја спровел Memorial Sloan-Kettering Cancer Center, New York, биле вклучени 625 жени кои преживеале рак во детската возраст и кои биле лекувани со радиотерапија во пределот на градниот кош. Сите испитанички пополниле анкетен лист. Резултатите од анкетата покажале дека 36,5% од испитаничките на возраст од 25 до 39 години биле на мамографија во претходните изминати две години, додека дури 47,3% од испитаничките никогаш не направиле мамографија и само 23,3% од испитаничките правеле редовни скрининг мамографии.

Испитаничките на возраст од 25 до 39 години имале три пати поголеми изгледи да отидат на мамографија, ако тоа им го советувал нивниот лекар.

Од сте испитанички на возраст од 40 до 50 години, 76,5% направиле мамографии во изминатите две години. Само 52,6% од жените на таа возраст оделе на редовни прегледи.

Резултатите од студијата укажувале на потребата за подобра медицинска едукација како на пациентките, така и на лекарите. Треба да се подигне свеста кај лекарите, како и кај овие пациентки, за постоечкиот зголемен ризик од рак на дојка и за важноста на скрининг мамографиите во раното откривање на овој малигном. Матичните лекари треба и да им објаснат на овие пациентки дека тие имаат поголем ризик за развој на рак на дојка, во однос на оние жени кои не биле изложени на зрачна терапија во пределот на градниот кош.