• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Полипи на дебело црево – ризик за развој на рак на дебелото црево Печати

Полипите или аденомите се ткивни израстоци кои растат од слузницата на дебелото црево према внатрешната страна, односно шуплината на дебелото црево.

Тие можат да бидат мали, поголеми или големи, да бидат со петелка или без петелка. Доколку полипите се со големи димензии, тие ја стеснуваат цревната шуплина.

Честота на јавување

Честотата на јавување на полипите на дебелото црево се движи меѓу 7% и 50%. Можат да се јават и кај двата пола, во било кој период од животот, но најчести се по 60-тата година од животот. Обично се единечни, но може да ги има и повеќе на број (мултипни полипи). Иако полипите можат да се најдат во сите делови на дебелото црево, сепак тие најчесто се сместени во неговиот завршен дел.

Појавата на полипите е поврзана со ракот на дебелото црево. Иако се полипите во основа бенигни промени, тие, сепак, се сметаат како премалигни промени, бидејќи со тек на време од нив може да се развие рак на дебелото црево. Имено, полипите имаат различен степен на дисплазија, односно различен степен на пореметувања на клетките со променето јадро, забрзан раст, променети жлезди и намалено излачување на слуз. Тие промени можат да предизвикаат развој на рак.

Фактори на ризик за настанување на полипите

Полипите настануваат како последица на пореметениот раст на клетките на дебелото црево. Како фактори кои доведуват до развој на полипите се наведуваат: генетските фактори и факторите од околината.

Генетските фактори имаат големо значење кај болните со фамилијарна полипоза и наследен неполипозен карцином. Овие болести се ретки, но, кога ќе се потврдат, потребно е да се прегледаат и членовите на семејството на пациентот. Тие прегледи се состојат од: колпоскопија и генетско тестирање.

Епидемиолошките анализи покажуваат дека факторите на околината можат да предизвикаат создавање на полипи. Ова посебно се однесува на исхраната . Ако е храната богата со масти или ако не се консумира доволно овошје и зеленчук, односно растителни влакна, постои поголема веројатнопст за развоиј на полипи и рак на дебелото црево.

Мастите од храната го зголемуваат стварањето на жолчните киселини, а некои од нив се канцерогени.

Според градбата, полипите ги делиме на:

  • тубуларни,
  • вилотубуларни,
  • вилозни.

Од сите овие типови на полипи може да се развие рак на дебелото црево.

Тубуларните и вилотубуларните полипи имаат помал ризик за развој на рак на дебелото црево, но колку се тие поголеми, и ризикот за развој на рак на дебелото црево е поголем.

Кога полипите се големи околу 1 cm, ако не се хируршки отстранат, ризикот за настанување на рак е 3 % за 5 години, 8 % за 10 години и 24 % за 20 години од поставувањето на дијагнозата на полипите.

Ако се тоа вилозни полипи, ризикот за настанување на рак е поголем и изнесува околу 35%. Колку се полипите поголеми, толку е и ризикот за развој на рак поголем.

Иако е забележено дека некои полипи со тек на време се намалуваат, се смета дека од полипите ќе настане карцином просечно за 7 години од поставувањето на дијагнозата.

Симптоми и знаци на полипите

Полипите најчесто се без симптоми. Сепак, може да се јави крварење од дебелото црево. крварењето е обично дискретно, а многу поретко обилно. Дискретното долготрајно крварење од дебелото црево може да предизвика слабокрвност (анемија), поради постојаниот губиток на железо. Ако се полипите големи, тие може да предизвикаат болки и грчеви во абдоменот. Ако се наоѓаат во анусот, односно на излезниот дел на дебелото црево, и ако имаат долга петелка, можат да излегуваат низ надворешниот отвор на анусот. Големите вилозни полипи можат понекогаш да предизвикаат и пролив.

Дијагностички постапки

Полипите во завршниот дел на дебелото црево може да се напипаат со прст.

За поставување на дијагнозата на полипите се користат следниве дијагностички постапки:

Иригографија (рендгенско снимање на дебелото црево со двоен контраст)

Најчесто применувана иницијална метода за откривање на промени во дебелото црево е рендгенолошко иследување со двоен контраст т.н иригографија. Кај пациентот се внесува контраст во дебелото црево, после што следи рендгенграфија на абдоменот. Методата е безболна и не е потребна седација на пациентот. Иригографијата е прецизна, но можно е 5 до 10 % од промените да не бидат уочени и дијагностицирани со оваа дијагностичка процедура.

Со оваа дијагностичка постапка може да се откријат присутните улкуси во дебелото црево, полипите, туморите и други патолошки состојби.

Колоноскопија

Колонoскопијата е најсигурниот, најдеталниот преглед на дебелото цревo и со овој преглед можат да се утврдат и почетни абнормалности и болести во најраните фази.

Оваа дијагностичка метода е многу попрецизна од иригографијата и може да го открие карциномот на дебелото црево уште во неговите рани, почетни стадиуми. Со колоноскопијата се откриваат полипите и другите оштетувања во било кој дел од дебелото црево.

Изведба на колоноскопија

Долга, тенка свитлива цевка се спроведува преку анусот (чмарот) до дебелото црево. Ова обично трае околу 15 минути и се изведува со интравенска седација. Алергиска реакцијата кон лековите за смирување е релативно ретка.

Колонoскопијата се изведува во болнички услови како амбулантска процедура (т.е пациентот не се хоспитализира). Ја изведува лекар-специјалист, кој е посебно обучен за изведување на оваа процедура.

Друга, понова опција е виртуелна колоноскопија со компјутерска томографија (КT). Таа дава уште попрецизен преглед на слузницата на дебелото црево, по целата негова должина.

Предноста на колоноскопскиот преглед е во тоа што при прегледот на слузницата под контрола на око, истовремено може да се со посебни клешти земе и примерок од ткиво за хистолошка анализа, посебно ако постои сомневање за рак на дебелото црево.

Терапија

Доколку се откријат полипи, потребно е тие хируршки да се отстранат. Методата со која се отстрануваат полипите на дебелото црево се нарекува едноскопска полипектомија. Тоа е едноставна и безболна постапка, која добро се поднесува од страна на пациентот. По хируршкото отстранување на полипите, тие се испраќаат на микроскопски хистолошки преглед кај специјалист – патолог. Ако микроскопскиот преглед на полипите не покаже присуство на малигни клетки, не е потребна никаква дополнителна терапија. Во тие случаи, пациентите само се следат, бидејќи кај 10% од пациентите постои можност за повторно јавување на полипи. Поради тој ризик за повторно јавување на полипи кај веќе оперираните пациенти, се предлага следново:

  • Контролна колоноскопија два пати годишно, по отстранувањето на полипите,
  • Ако се наодите уредни и нема нови полипи, следните прегледи на дебелото црево треба да се прават на секои 3 до 5 години.

Ако полипот е многу голем и неможе да се отстрани со ендоскопска полипектомија, или ако се потврди присуство на малигни клетки во отстранетите полипи кои продират ви подлабоките слоеви на sидот на дебелото црево, се пристапува кон отворен хируршки третман кој подрабира отстранување на целиот полип со дел од дебелото црево.