Хипоталамусот и хипофизата претставуваат анатомска и фyнкционална целина, т.н. „хипоталамусно-хипофизна оска“. Хипофизата или питуитарната жлезда е релативно мала жлезда со маса од околу 0.5 грама. Сместена е во вдлабнатинката наречена турско седло (sella turcica) во базата на черепот. Преку хипофизарната дршка – инфундибулум таа е поврзана со хипоталамусот во кој се сместени повисоките (виши) центри на вегетативниот нервен систем. Токму од хипоталамусот, хипофизата ги добива потребните „инструкции“ за нејзината активност, и тоа преку ослободувачките (realising) хормони. Хипофизата е обвиена со капсула од сврзно ткиво. Хипофизата е всушност „главна“ жлезда која ги контролира сите останати жлезди со внатрешно лачење (ендокрини жлезди). Повеќе...
Болести на хипофизатаПациентите со болест на хипоталамусот и хипофизата имаат комбинација на симптоми, како симптоми на интракранијален притосок (главоболка, испади во видното поле), и симптоми кои произлегуваат од зголеменото или намаленото излачување на еден или повеќе хормони на хипофизата. Аденоми на хипофизатаАденомите на хипофизата сочинуваат од 10-20% од вкупниот број на интракранијални тумори. Тоа се бенигни тумори со спор раст и сиворозевкаста боја. Пролактином, тумор на хипофизаПролактином е најчест бениген функционален тумор на хипофизата. Симптомите кај жената се... Болест со многу лица – акромегалијаАкромегалијата е ретка, подмолна хронична болест која настанува како последица на зголемената продукција на хормонот за раст кај возрасните лица. Ова заболување најчесто се јавува меѓу третата и петтата деценија од животот. |
|