|
Д-р Лилјана Ацева-Андонова, идеен творец на rak.mk и главен менаџер на САМОСВЕСТ |
|
|
|
Недела, 27 Декември 2009 00:00 |
|

Д-р Лилјана Ацева-Андонова е специјалист радиотерапевт и онколог и шеф на отсек на одделот за лекување на урогенитални малигни заболувања при Универзитетската Клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје.

Д-р Ацева-Андонова е идеен творец на Македонскиот портал за ракот – www.rak.mk и веќе две години активно работи на неговиот развој и усовршување. Во работата на порталот www.rak.mk се вклучени повеќе реномирани доктори-онколози, но и специјалисти од другите области на медицината, кои своето долгогодишно искуство го преточуваат и пренесуваат на оваа веб страница.
Интернет медиумот www.rak.mk e информативно едукативен портал за подигање на свеста на граѓаните за малигните заболувања и за здравиот живот, портал кој денес претставува вистинско богатство од информации.
|
|
Повеќе...
|
|
Основачки тим на САМОСВЕСТ |
|
|
|
Сабота, 21 Ноември 2009 13:37 |
|

Тимот кој работи во рамките на САМОСВЕСТ се одликува со долгогодишно искуство како во невладиниот сектор така и во личните, професионални области кои ги покриваат. Зад нив стојат реализирани повеќе проекти, како регионални така и локални, од областа на здравјето, екологијата и информатиката. Од многуте проекти би можеле да ги издвоиме: Greenstar Explorers – еколошки соларни проекти во неразвиени заедници (2004), Rak.mk (2008 година), Prostata.mk – веб проект за подигање на свеста кај машката популација во врска со заштита и превенција при заболувањата на простатата (2009 година), Организација на светскиот ден на простатата, 15 септември (2009 година)...
|
|
Повеќе...
|
|
Македонски портал за ракот - www.rak.mk |
|
|
|
Понеделник, 09 Јуни 2008 12:13 |
|
Д-р Лилјана Ацева-Андонова е родена во Скопје, каде ги заврши Медицинскиот факултет и специјализацијата по радиотерапија и онкологија. Работи како специјалист, шеф на отсек на одделот за лекување на урогенитални малигни заболувања во Институтот за радиотерапија и онкологија во Скопје.
Д-р Ацева е идеен творец на овој портал и активно работи на неговиот развој и усовршување. Зад проектот стои и група на реномирани доктори-онколози но, и специјалисти од другите области на медицината кои своето долгогодишно искуство го преточуваат и пренесуваат на оваа веб страница.
Дали има потреба од постоење на Македонски портал за ракот? Дефинитивно, одговорот е ДА. Постои огромна потреба од една Веб страна на македонски јазик за ракот, а еве и зошто.
Малигните заболувања се наоѓаат на второ место по честота на јавување по кардиоваскуларните болести. Нивната инциденција рапидно се зголемува и постојат големи шанси овие заболувања да избијат на прво место.
|
|
Повеќе...
|
|
|
|
|
|