Бубрезите се парни органи кои претставуваат централен дел на уринарниот систем. Сместени се во ретроперитонеалниот простор на задниот зид на абдоменот и се наoѓаат од двете страни на рбетниот столб (во висина на 12 граден и 1 и 2 от слабински прешлен). Десниот бубрег е поставен пониско од левиот, заради неговото потиснување од црниот дроб. Бубрегот има форма на зрно грав, чија конкавна ивица е свртена према рбетниот столб. Тој кај возрасен човек тежи околу 140-150г и има големина на тупаница. На медијалната страна на бубрегот се наоѓа влезниот отвор или бубрежниот хилус низ кој минуваат крвните и лимфни садови, нерви и надворешниот мочен канал.
Рак на бубрегКарциномот на бубрегот уште се вика и карцином на бубрежните клетки или аденокарцином. Карциномот на бубрегот учествува со околу 2% од сите малигни тумори кај возрасните. Се проценува дека ќе има 54 390 новодијагницирани случаи на карцином на бубрег и бубрежна карлица во САД, а 13 010 смртни случаи од овој карцином, во 2008 година во САД. Обично карциномот се јавува во понапредната возраст, најчесто во шестата деценија од животот. повеќе...
Причини и ризик факториПричините за настанување јавување на ракот не се познати. Сепак, некои лица имаат поголем ризик да заболат од оваа болест. Превенција и скринингНе е можно да се спроведе адекватно спречување на болеста, сепак како превенција се наведуваат неколку фактори. Симптоми и знациВо многу случаи, ракот се открива дури кога ќе се прошири во околните ткива, или ќе се прошири... Дијагностички постапкиЗа успешно лекување на карциномот на бубрегот важна е раната дијагноза. Развој на туморотСо тек на време, како што болеста прогредира, туморот може да расте кон медуларниот дел... Градус и стадиумиСтадиум на болеста претставува утврдување на нејзината проширеност. Третмански опцииТерапијата индивидуално се планира за секој пациент одделно... Терапија по стадиумиРадикална нефректомија со регионална лимфонодална дисекција е стандардна терапија кај неметастатски тумор на бубрегот... Следење по третманКарциномот на бубрегот бара доживотно следење (follow-up)...
|
|