|
• реклама •{dybanners}5{/dybanners}
Пенисот е машки полов орган чија функција е спроведување на спермата и урината и нивна ејакулација, односно екскреција надвор од организмот. Тој е сместен над тестисите, а под карличната симфиза. Кај малите деца пенисот не е развиен и со тек на време се зголемува, а потполно се оформува во текот на пубертотот. Просечната големина на машкиот полов орган, кај возрасен маж, во мирување е од 6 до 10 см, но максималната растегливост е различна и индивидуална кај секој маж. Така на пример, за белата раса, просечната големина на пенисот во ерекција изнесува од 9 до 19 см, односно просечната растегливост е 14, 5 см, промер 4см, а опсегот на коренот на пенисот 12 см. Пенисот се состои од два дела: тело (corpus penis) и глава на пенисот (glans penis).
Рак на пенисРакот на главата на пенисот е редок тумор и се јавува во околу 1% од малигните тумори кај мажите, а учествува со 2%- 5% од сите урогенитални тумори кај мажите. Сепак кај мажите во Јужна Америка, Азија и Африка е релативно чест (10%-20%). Обично се јавува кај мажи во понапредната возраст, по 65 та година. Најчесто патохистолошки тоа е тумор на плочестите клетки на главата на пенисот. Најголем број на карциномите на пенисот имаат егзофитичен и улцерозен изглед. Приметено е дека кај мажи кои се обрежани, ракот на пенисот никогаш не се јавува. Се смета дека смегмата која се насобира при постоечка фимоза доведува до постојана иритација и воспаление, кое со тек на време доведува до развој на карцином. повеќе
Причини и ризик факториНа карциномот можат да му претходат одредени промени како што се: псеудоепителијални кератози, баланитис, баланитис ксеротика облитеранс, кондиломи и др. Превенција и скринингКако скрининг за карциномот на пенисот како и за негова рана дијагноза многу е важен самопрегледот на пенисот. Симптоми и знациНајчест симптом на карциномот на пенисот е појава на безболна раничка на главата на пенисот која не зараснува. Дијагностички постапкиДијагнозата се поставува врз основа на физикален преглед од страна на уролог. Третмански опцииЗа да се спроведе адекватен третман на карциномот на пенисот потребно е да се одреди стадиумот на болеста... Терапија по стадиумиЛокална ексцизија со циркумпцизија е терапија на избор кај лезиите што се ограничени на кожата. Следење по третманКарциномот на пенисот, како и впрочем и кај сите други карциноми кај човекот, бара доживотно следење (follow-up).
|
|