• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Што е простата?

Простатата е жлезда со надворешно лачење и е дел од машкиот полов (репродуктивен) систем. Таа е во анатомско-функционални односи со семениците, натсемениците, семените меурчиња и семеводите. Сместена е под мочниот меур, на основата на машкиот полов орган и непосредно пред задното црево. Таа всушност го опкружува задниот простатичен дел на мочниот канал.

повеќе

 

 

Рак на простата

Рак на простатата се јавува како последица на неконтролирано, забрзано множење (абнормална мултипликација) на клетките. Во 98% случаи тоа се клетки по потекло од жлездениот епител (аденокарцином), а само во 2% случаи тоа се клетки од мезенхимот (сарком). Ракот на простатата е поврзан со тестисите. Лачењето на хормони од нив не е само причина за појава на болеста, туку и за нејзиното ширење. Затоа примената на хормонската терапија игра важна улога во третманското водење на карциномот на простатата, како самостојна или во комбинација со другите тераписки модалитети.

повеќе

 

 


Причини и ризик фактори

Причините за неговото јавување не се познати.

Превенција и скрининг

Како превенција за карциномот на простатата, сепак, се препорачува правилна исхрана, со внесување на повеќе овошје и зеленчук во исхраната...

Симптоми и знаци

Доколку постојат потешкотии во мочањето или кој било од наведените симптоми и знаци, неопходно е да се отиде на лекар.

Дијагностички постапки

Испитување на нивото на простатичната кисела фосфатаза (ПАП) и на простата - специфичниот антиген (ПСА) во крвта.

Третмански опции

Не постои „единствен третман“ за сите пациенти со карцином на простата.

Третман на коскените метастази

Терапија по стадиуми

Не постои општ консензус за тоа кој е најдобриот третман.

Следење по третман

Завршувањето со терапијата не значи и прекинување на грижата кон болниот.

Клинички студии

Статистика

Литература

БПХ и ракот на простатата

Ракот на простатата никогаш не е последица на малигната дегенерација на бенигната простатична хиперплазија. Но, можно е да овие две заболувања бидат истовремено присутни кај еден пациент. Тоа значи дека покрај старечка простата, кај пациентот постојат и фокуси на малигни клетки во жлездата т.е. рак на простата.

Повеќе...

 

 


Простатит (воспаление на простатата)

Воспалението на простатата, (простатитис), особено неговата хронична форма е конфузно заболување како за пациентот, така и за самиот лекар. Неговата акутна форма е многу полесно препознатлива, бидејќи има изразени клинички симптоми, за разлика од хроничната форма на простатитот. Хроничниот простатит може да има некарактеристични и многу различни симптоми. Често може да постои и без присуство на симптоми (асимтоматска болест).

Повеќе...

 

 


Несакани ефекти
Радиотерапија
 

Несаканите ефекти од радиотерапијата може да се поделат во две групи: а) Рани (акутни) несакани ефекти кои се јавуваат за време и кратко време по радиотерапискиот третман; б) Доцни несакани ефекти кои се јавуваат по подолго време од...

  Повеќе...

Несакани ефекти
Хемотерапија
 

Бидејќи лековите кои се даваат при хемотерапијата (цитостатици) не делуваат селективно само на карциномските клетки, туку и на клетките на нормалните ткива и органи, тие може да дадат повеќе несакани ефекти.

  Повеќе...

Несакани ефекти
Хормонска терапија

Најчести несакани ефекти од хормонската терапија се: намалено или изгубено либидо и импотенција, топлотни бранови, болка во градните жлезди (гинекодинија), зголемување на градните жлезди (гинекомастија). Долготрајна...

  Повеќе...

Несакани ефекти
Хируршки третман

Главни несакани ефекти од радикалната простатектомија се: инконтиненицијата (неволно и некотролирано мочање), импотенцијата (еректилна дисфункција), сувата ејакулација и неплодноста.

  Повеќе...