|
Р ХЕР2 статусДенес ракот на дојката се смета за болест во чија основа се биолошки причинители. Затоа и многу внимание се посветува на одредување на т.н. биолошки параметри на туморот: статусот на хормонските рецептори (ЕР, ПР) и ХЕР2 статусот (HER2 - Human Epidermal growth factor Receptor 2).Повеќе... Во западните земји инциденцата рапидно се зголемува со годините до менопауза (45-55 год.), по што се одржува плато и пак се зголемува од 60-70 годишна возраст, но со помала стапка. Кај нас, во нашата популација, ракот на дојката е најчест во возрасната група од 45 до 49 години и од 55 до 59 години. Последниве години, и покрај развојот на медицината, се зголеми морбидитетот за 2-3% и морталитетот за 1-2% годишно. Причините се: зголемувањето на бројот на населението, зголемувањето на постарата популација кај која е почеста појавата на рак на дојката, промена на навиките на живеење (западен стил), зголемен внес на храна богата со масти од животинско потекло, а помал внес на свежо овошје и зеленчук. Причини и ризик факториКако и за сите други карциноми кои се јавуваат кај луѓето, така и за ракот на дојката причините за неговото јавување не се познати. Превенција и скринингПримарната превенција има за цел да ја спречи појавата на болеста преку откривање на факторите. Симптоми и знациРакот на дојката во својот почетен, ран стадиум е обично асимптоматски. Пациентката, обично при самопреглед, или случајно приметува безболна тврдина во пределот на дојката. Дијагностички постапкиЗа поставување на дијагноза на рак на дојка потребно е да се направат првични и дополнителни дијагностички постапки. Развој на туморотРакот на дојката е системско заболување, дисеминиран процес, кој, уште од најраните фази на својот развој, е склон кон метастазирање. Градус и стадиумиПримарен тумор (Т) – дефинициите за класифицирање на примарниот тумор (Т) се идентични за клиничката и за патолошката класификација. Третмански опцииРакот на дојката не е само локално заболување на дојката, туку системско, кое уште во раните стадиуми на својот развој има сконост кон метастазирање. Следење по третманПациентите со карцином на дојка, по завршувањето на третманот, треба да се следат на 3 месеци во првите 3 години, потоа на 6 месеци во наредните 2 години, а потоа еднаш годишно.
|
|