• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Рак на кожа
реклама •{dybanners}12{/dybanners}

К

ожата е најголем орган на нашето тело. Сите тумори на кожата можат да се поделат на бенигни и малигни.

Ракот на кожата настанува со неконтролиран раст и размножување на клетките на кожата. Доколку не се лекува, ракот на кожата почнува локално да се шири и тоа, како по површината, така и во подлабоките слоеви на кожата, а преку лимфните и крвни садови може да се прошири и во оддалечените ткива и органи во телото. Постојат различни типови на кожни карциноми. Базоцелуларниот кожен карцином е најчест, додека меланомот е најредок, но и најопасен кожен карцином.

Надворешниот слој на кожата т.н. епидермис се состои од различни видови на клетки. Кожниот карцином се класифицира врз основа на видот на клетките од кои настанува.

Базоцелуларниот кожен карцином настанува од клетките на најдлабокиот слој на епидермисот и е најчест вид на кожен карцином.

Планоцелуларниот кожен карцином се развива од клетките на средниот слој на епидермисот.

Меланомот претставува малигно буење на меланоцитите, клетки кои го произведуваат пигментот на кожата. Тоа е најмалигни облик на кожен карцином и е најчеста причина за смрт од кожен карцином.

Кожниот карцином понекогаш се класифицира како меланом и немеланом. Базоцелуларниот и планоцелуларниот кожен карцином се најчести малигни облици на немеланомски рак на кожата.


Причини и ризик фактори

Точната причина за појава на ракот на кожата не е позната, но се докажани некои фактори на ризик, кои ја зголемуваат можноста за појава на ова малигно заболување.

Превенција и скрининг

Преку 90% од случаите на рак на кожата се јавува на површини кои се редовно изложени на сончевите зраци или на други извори на ултравиолетово зрачење.

Симптоми и знаци

Клиничката слика и биолошкото однесување на базоцелуларниот карцином на кожата може да биде најразлично.

Дијагностички постапки

Во дијагнозата на кожниот карцином игра важна улога анамнезата и физикалниот преглед од страна на дерматолог.

Градус и стадиуми

Стадиумот на немеланомските кожни карциноми се утврдува според TNM класификацијата, односно, според големината на туморот (Т), нодалниот стадус...

Третмански опции

Терапијата индивидуално се планира за секој пациент одделно...

Немеланомски карциноми
Малиген меланом

Следење по третман

Не постои консензус за фреквенција на следењето и потребните тестови. Сепак, повеќето лекари препорачуваат следењето на пациентите да се врши со физикален преглед, ...

Клинички студии

Статистика

Литература