Карциномот на белите дробови се јавува како последица на неконтролирно мултиплицирање (делење) на клетките на белодробното ткиво, обично, тоа се клетките кои ги обложуваат дишните патишта. Се разликуваат два основни вида на белодробен карцином: микроцелуларен и немикроцелуларен карцином. Овие видови на белодробен карцином се дијагностицираат врз база на тоа како малигните клетки изгледаат под микроскоп (при патохистолошки преглед на материјалот земен при биопсија со бронхоскопија). Инциденцата и морталитетот на белодробниот карцином се во постојан пораст во последниве 5 децении, за машката популација, и во последниве 2 децении за женската популација. Белодробниот карцином се наоѓа на прво место по честота на јавување од сите малигни заболувања кај мажите (според светските статистики инциденцата изнесува од 20 до 22%). Белодробниот карцином е на трето место по честота на јавување од сите малигноми кај жените (инциденца 11%). Тој е најчеста причина за смрт од малигни заболувања и кај двата пола (34% кај мажот и 21% кај жената). Статистичките податоци за белодробниот карцином за 2008 година, за САД се:
Причини и ризик факториОсновната причина за појавата на белодробниот карцином не е позната. Превенција и скринингКако превенција за настанувањето на белодробниот карцином се наведува избегнување на факторите на ризик за ова малигно заболување. Симптоми и знациСимптомите и знаците кај болните со белодробен карцином се должат на присуството на примарниот тумор и на неговиот локален раст и ширење во околното здраво ткиво. Дијагностички постапкиДијагнозата се поставува со внимателно земена анамнеза, физикален преглед по системи, лабораториски испитувања, ... Развој на туморотБелодробниот карцином почесто потекнува од десното белодробно крило, отколку од левото. Градус и стадиумиСтадиум на болеста претставува утврдување на нејзината проширеност. Третмански опцииТерапискиот пристап кај белодробниот карцином се одредува врз база на стадиумот на болеста и патохистолошкиот наод. Терапија по стадиумиБолните кај кои е извршена комплетна ресекција не треба да примаат постоперативна радиотерапија, освен во рандомизирани испитувања. Следење по третманЗавршувањето со терапијата не значи и прекинување на грижата кон болниот. Белодробниот карцином бара доживотно следење (follow-up).
|
|