|
Хранопроводникот претставува орган во форма на шуплива цевка со тенки sидови, со просечна должина од 25 cm. Нормалниот хранопроводник е прекриен со многуслоен плочест епител, сличен на епителот на усната слузница. Тој има свој вратен и граден дел. Вратниот дел се протега од крикофарингеалниот мускул што соодветствува на нивото на седмиот вратен прешлен и се протега до влезот во торакалната празнина т.е. до нивото на третиот торакален (граден) прешлен. Останатиот дел од овој огран е градниот хранопроводник, кој се протега од влезот во торакалната празнина до нивото на десеттиот или единаесетиот прешлен. Според American Joint Comitee on Cancer (AJCC), хранопроводникот е поделен на четири дела: вратен, горен торакален, среден торакален и долен торакален хранопроводник. Но, најгорем број на хирурзи и онколози го делат хранопроводникот на „третини“. Се смета дека 15% од карциномите на хранопроводникот се јавуваат во неговата горна третина. Рак на хранопроводникКарциномот на хранопроводникот е застапен со 1% од вкупниот број на малигни заболувања. Честотата на овој карцином, во однос на сите малигни тумори на системот за варење, го завзема четвртото место. Карциномот на хранопроводникот најчесто се јавува кај мажите и тоа во нивната напредна возраст, меѓу 55 и 65 години. Во споредба со сите малигни заболувања, кариномот на хранопроводникот се одликува со најголеми варијации во географската дистрибуција. Според податоците од Светската здравствена организација (СЗО), инциденцата на карциномот на хранопроводникот е највисока во Кина, Порторико, Сингапур, Северен Иран и Русија.
Причини и ризик факториКако и за другите карциноми, така и за карциномот на хранопроводникот, причините за негово јавување не се познати. Но, постојат одредени фактори на ризик, кои ја зголемуваат можноста за појава на ова малигно заболување кај одредени лица. Превенција и скринингКако превенција се наведува избегнување на оние фактори на ризик на кои може да влијаеме и да ги контролираме. Тоа се, секако, на прво место пушењето и прекумерното консумирање на алкохол. Симптоми и знациСимптомите и знаците кај карциномот на хранопроводникот се јавуваат како последица на присутниот тумор, како и поради неговото локално ширење во околните здрави структури. Дијагностички постапкиДијагнозата се поставува со внимателно земена анамнеза, физикален преглед по системи, лабораториски испитувања, рендгенографски испитувања, ... Развој на туморотКарциномот на хранопроводникот се шири по три главни механизми: Директно ширење, лимфогено ширење и хематогено ширење. Градус и стадиумиПостојат два најчести хистопатолошки типа на езофагеален карцином. Тоа се: планоцелуларен карцином и аденокарцином. Третмански опцииЗа одредување на најадекватна тераписка опција за одреден пациент, се разгледуваат многу фактори, како на пример: стадиумот на болеста, градусот на туморот, возраста на пациентот, ... Терапија по стадиумиХирургијата се смета како стандарден тип на третман за операбилните пациенти со локализирани тумори (Tis-T3 N0-1 M0). Следење по третманЗавршувањето со терапијата не значи и прекинување на грижата кон болниот. Езофагеалниот карцином бара доживотно следење (follow-up).
|
|