|
Желудникот е форма на вреќа и е дел од системот на варење. Долг е околу 25 cm, а широк од 10-20cm. Неговиот капацитет изнесува околу 1200 до 1500 cm3. Сместен е во горниот абдомен, под ребрата. Неговиот горен дел е споен со хранопроводникот, а долниот дел е споен со почетниот дел на тенкото црево т.н. дуоденум. Желудникот се состои од два дела:
Желудникот е орган кој служи за варење на храната. Кога храната влегува желудникот, неговата мускулатура почнува да се создава брановидни движења кои ја мешаат и ситнат храната. Во исто време, соковите кои ги лачат жлездите во желудниковиот sид, помагаат во варењето, односно раградувањето на храната. По околу 3 часа, храната станува течна и минува во дуоденумот, каде продожува процесот на варењето на храната. Желудечни сокови се: ензимот пепсин, хлороводородната киселина и слузта. Ензимот пепсин служи за разградување на белковините во пептиди, додека желудечната хлороводородна киселина ги разградува мастите. Слузта има заштитна функција и ја разредува желудечната хлороводородна киселина, со што ја штити слузницата од оштетување. Карцином на желудникПод поимот карцином на желудник се подразбира аденокарциномот. Тоа е тумор кој потекнува од жлездените клетки на слузницата на желудникот и е најчест хистопатолошки тип на тумор на желудникот (95-97%). Други поретки тумори на желудникот се: лимфоми (кои потекнуваат од клетките не лимфното ткиво) и сакроми (потекнуваат од клетките на сврзното ткиво во кое спаѓаат мускулите, масното ткиво и крвните садови). Најчесто аденокарциномот се манифестира како: улцеративен (75%), поретко како егзофитичен, полипоиден (10%), дифузен, скирусен (10%), или како суперфициелни (површински) мукозен тумор. Карциномот на желудникот може да се јави во било кој дел од желудникот. Сепак, почесто се јавува на излезниот дел од желудникот (antrum) и на долната третина на телото на желудникот, отколку на почетниот и горните делови. Карциномот на желудникот се шири по мукозната површина, инфилтрирајќи го и желудечниот sид, што може да резултира во опсежна скирусна инфилтрација, означена како linitis plastica. Карциномот на желудникот може да ги инфилтрира соседните органи и структури директно проширувајќи се кон нив. Карциномот може да се шири и преку лимфните садови и да даде метастази во регионалните, но и во оддалечените лимфни јазли Хематогената дисеминација е многу честа. Може да се јават метастази во било кој далечен орган или ткиво во телото. Сепак, најчести се метастазите во црниот дроб, поретко во белите дробови, надбубрежните жлезди и панкреасот. Карциноматозниот менингитис е чест облик на метастазирање во ЦНС.
Причини и ризик факториКако и за другите карциноми, така и за карциномот на желудникот, причините за неговото јавување не се познати. Превенција и скринингБидејки не е позната причината за настанувањето на кациномот на желудникот, не е можно да се спроведе адекватно спречување на болеста. Симптоми и знациКарциномот на желудникот тешко се открива во неговата рана фаза. Дијагностички постапкиДијагнозата се поставува со внимателно земена анамнеза, физикален преглед по системи, лабораториски испитувања, рендгенографски испитувања, ... Развој на туморотВо последниве децении забележена е измена во однос на локализацијата на примарниот карцином на желудникот. Градус и стадиумиСтадиум на болеста претставува утврдување на нејзината проширеност. Третмански опцииЗа одредување на најадекватна тераписка опција за одреден пациент, се разгледуваат многу фактори. Терапија по стадиумиНекои пациенти со локално напредната болест можат да имаат добивка од предоперативна хемотерапија... Следење по третманСледењето на пациентот е од голема важност за рано откривање на рецидив или прогресија на болеста.
|
|