|
• реклама •{dybanners}3{/dybanners}
Панкреасот е жлезда со внатрешно и надворешно лачење.Таа е долга околу 15 cm и има форма на положена буква Ј, чиј поширок крај се нарекува глава, средниот дел се нарекува тело, а најтесниот дел од жлездата се нарекува опаш. Панкреасот е сместен зад желудникот и лежи пред `рбетниот столб. Личи на положена тенка круша. Овој орган во човековото тело има две важни фукции:
Соковите кои помагаат во варењето на храната се создаваат во егзокрините панкреасни клетки (клетки со надворешно лачење), додека пак хормоните како што се: инсулинот и глукагонот се создаваат во ендокрините панкреасни клетки (клетки со внатрешно лачење). Карцином на панкреасНеколку неповолни факти го карактеризираат карциномот на панкреасот, заболување кое некои автори го означуваат како застрашувачко. Пред сé, инциденцата на панкреасните неоплазми е во постојан пораст, а причините за тоа сé уште не се познати. Објавени нови случаи и смртни случаи од карцином на панкреас во САД, за 2008 година се:
Понатаму, болеста многу ретко се открива во ран стадиум, кога и излекувањето е можно, а дури и палијативните третмански постапки ретко го постигнуваат саканиот ефект. И покрај техничкиот развој и усовршувањето на методите кои овозможуваат откривање на присуство на малигноми, разочарувачки мал напредок е постигнат во откривањето и разбирањето на биологијата на овој малигном. Околу 95% од сите карциноми на панкреасот започнуваат од егзокрините клетки, со нивно абнормално и неконтролирано растење и делење. Карциномот на панкреасот е на четврто место, според едни, односно на петто место, според други автори, како причинител за смрт од малигно заболување. Се јавува почесто кај мажите отколку кај жените и тој однос е 2:1. Почесто се јавува кај лица со понапредната возраст и ризикот од развој на ова малигно заболување се зголемува со возраста. Така статистиките покажуваат дека во групата од 40 до 44 години инциденцата изнесува 2/100 000, за да во старосната група над 85 години достигне вредност од 96.1/100 000. Средна возраст на појава на карциномот на панкреасот е 69 години.
Причини и ризик факториРакот на панкреасот се јавува како последица на неконтролиран раст и делење на клетките на панкреасот. Превенција и скринингБидејки не е позната причината за настанувањето на кациномот на панкреасот, како и сите можни фактори на ризик, не е можно да се спроведе адекватно спречување на болеста. Симптоми и знациРаните симптоми на карциномот на панкреасот се неспецифични и слични со симптомите на многу бенигни состојби. Дијагностички постапкиВо рутински испитувања спаѓаат: крвна слика и седиментација. Покрај рутинските испитувања, потребно е да се испитаат и хепаталните ензими, алкалната и киселата фосфатаза, уреата, креатиннот и електролитите. Развој на туморотТуморите на панкреасот можат да се поделат на ендокрини и егзокрини, во зависност од тоа од кои клетки потекнуваат. Градус и стадиумиОдредувањето на стадиумот на болеста е клучен фактор за спроведување на адекватна терапија кај секој пациент одделно. Третмански опцииЗа одредување на најадекватна тераписка опција за одреден пациент, се разгледуваат многу фактори, како на пример: стадиумот на болеста, градусот на туморот, возраста на пациентот, неговата општа состојба и други фактори. Следење по третманКонтролните прегледи се прават на секои 2 до 3 месеци со цел да се спроведе палијативна терапија, доколку дојде до појава на одредени симптоми, кои треба да се згрижат.
|
|