Карцином на вулваКарциномот на вулвата не е често заболување. Се јавува кај околу 1-2/100 000 жени, и учествува само со 1% од сите карциноми кај жената. Честотата меѓу гинеколошките тумори изнесува 3-5%. Иако може да се јави и кај млади жени, сепак, карциномот на вулвата најчесто се јавува во возраст меѓу 60 и 70 години. Така, во 80 до 85% од случаите се јавува по менопаузата. Покрај карциномот на вулвата честа е синхрона или асинхрона појава и на други карциноми (паранеоплазија), како и т.н. мултицентричност - истовремено појавување на повеќе жаришта на овој карцином. Хистолошки типови на туморите на вулвата се:
Причини и ризик факториКарциномите на вулвата се ретки гинеколошки тумори (околу 5% од гинеколошките малигноми), карактеристични за напредната возраст, со пик на инциденцата кај пациентки над 65 години. Превенција и скринингНајдобар начин за да се намали ризикот за рак на вулвата е да се избегнуваат познатите фактори на ризик, како и да се навремено откријат и лекуваат преканцерозните промени. Симптоми и знациСо оглед на достапноста на самопреглед, вообичаено е дијагностицирање на вулвата во раните стадиуми. Градус и стадиумиХистопатолошки најчест е планоцелуларниот кацином (околу 85%), а потоа по честота следат: аденокарциномот, базалиомот, меланомот и саркомот. Третмански опцииБез оглед на стадиумот на болеста или хистопатолошкиот тип, третманот на карциномот на вулвата е, пред се, хируршки. Следење по третманКонтролните прегледи во првата година по завршувањето на третманот, се вршат на секои три месеци, а потоа на секои шест месеци.
|
|