• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори

Малигни тумори на грлото на матката (цервикален карцином)

Карциномот на грлото на матката е еден од најчестите малигни заболувања на женскиот реподуктивен систем. По карциномот на дојката, цервикалниот карцином е најчест во нашата средина. Во нашата земја, инциденцата на цервикалниот карцином се движи 16/100 000 жители.

Воведувањето на цитолошкиот скрининг во последниве 40 години доведе до значително намалување на инциденцата и морталитетот на инвазивниот цервикален карцином.

Инциденцата на карциномот на грлото на матката не е насекаде иста, бидејќи зависи од многу фактори (географска положба, припадност на одредена раса, одредени религии и друго) кои се причина за различниот социо-економски статус на популацијата.

Сè за ПАПА - тестот

Папа тестот е метода за рано откривање на карциномот на грлото на матката. Овој тест го добил своето име по американскиот лекар со грчко потекло, Papanicolau (1883-1962). Со Папа тестот се врши преглед на можните промени во клетките на грлото на матката. Грлото е долниот дел на матката (uterus), а после него продолжува вагината.

Папа тестот може да покаже дали постои: инфекција, абнормални (нездрави) клетки на грлото на матката или рак на грлото матката.

Повеќе...

 

 


Причини и ризик фактори

Иако основниот етиолошки фактор не е познат, сепак утврдено е дека постои голема зависност помеѓу појавата на карциномот на цервиксот и некои надворешни фактори.

Превенција и скрининг

Инфекцијата со HPV вирусот се смета како главен фактор на ризик за развој на карцином на грлото на матката.
Вакцина против ХПВ вирусот

Симптоми и знаци

Околу 90% од пациентките со цервикален карцином имаат локални симптоми, а поретко системски симптоми.

Дијагностички постапки

Дијагнозата се поставува со внимателно земена анамнеза, физикален преглед по системи, лабораториски испитувања...

Развој на туморот

Туморот започнува со неконтролирана делба на клетките на епителот на грлото на матката и со нивна малигна трансформација.

Градус и стадиуми

Патохистолошки, повеќе од 90% од туморите на грлото на матката се планоцелуларни карциноми (карциноми на плочестиот епител на грлото на матката).

Третмански опции

Засега единствени третмански модалитети кои можат да доведат до излекување се хирургијата и радиотерапијата, кои најчесто се комбинираат и тоа по овој редослед.

Терапија по стадиуми

Стандарден третман е хистеректомија за пациентки што го завршиле фертилниот период.

Следење по третман

Пациентките треба да доаѓаат на редовни контроли, по завршувањето на иницијалниот третман.

Клинички студии

Статистика

Литература