• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Малигни лимфоми

Лимфниот систем е дел од одбрамбениот имунолошки систем на организмот. Основната задача на лимфниот систем е да помага во борбата против болестите и инфекциите. Лимфниот систем се состои од мрежа на тенки лимфни садови кои се разгранети по целото тело, слично како и мрежата на крвните садови. Низ лимфните садови тече лимфа, која содржи бројни имунолошки клетки, меѓу кои најзначајни се лимфоцитите. Во состав на оваа мрежа се и малите јазли, со големина на зрно грав или помали, кои се нарекуваат лимфни јазли. Лимфните јазли може да се напипаат на вратот, во пазувите и препонските јами, но ги има по целото тело. Во други органи на лимфниот систем спаѓаат: слезенката, тимусот и коскениот мозок. Лимфните клетки-лимфоцити, во помал или поголем број ги има и во другите делови на телото, вклучувајќи ги желудникот, цревата и кожата.

Повеќе...

 

 


Причини и ризик фактори

Причината за настанувањето на малигните лифоми не е позната. Сепак, постојат одредени фактори на ризик кои ја зголемуваат можноста за појава на малигниот лимфом кај одредени лица.

Хистопатолошка класификација

Хистопатолошка класификација на Хочкин лимфом по Rue и REAL (Revised Europian-American Lymphoma Classification) од 1994 година.

Дијагностички постапки

Дијагнозата се поставува со внимателно земена анамнеза, физикален преглед по системи, лабораториски испитувања, рендгенографски испитувања...

Терапија по стадиуми

Во терапијата на малигните лимфоми, со успех се користи радиотерапијата, хемотерапијата и нивната комбинирана примена. Имунотерапијата има свое место како дополнителна тераписка метода.

Клинички студии

Статистика

Литература