• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Грклан

Гркланот е цевчест орган, долг околу 5 cm. Сместен е во вратот и учествува во процесот на дишење, зборување и голтање.

Гркланот е сместен над душникот (trachea). Неговите sидови се изградени од р`скавица. Големата р`скавица, која го сочинува предниот дел од гркланот се нарекува и Адамово јаболко. Гласните жици (гласници) се парни издолжени мускули, кои во внатрешноста на гркланот градат творба во форма на буквата V. Секој пат кога вдишуваме, воздукот влегува преку нашиот нос или уста, минува низ гркланот, потоа низ душникот и влегува во белите дробови. Кога издишуваме, воздухот струи во спротивен правец.

Во текот на дишењето, гласните жици се опуштени и воздухот слободно минува помеѓу нив, без да создава звуци.

При зборување, гласните жици се напнати и приближени една до друга. Воздухот од белите дробови минива помеѓу нив, па тие почнуваат да вибрираат и да го ствараат звукот на нашиот глас. Јазикот, усните и забите го обликуваат тој звук во зборови.

Непосредно позади душникот и гркланот, се наоѓа хранопроводникот (oesofagus). Tоа е цевчест орган низ кој минува храната, од устата до желудникот. Отворите на хранопроводникот и гркланот се сместени блиску еден до друг. При голтањето, епиглотисот (еластична р`скавица), го затвара гркланот и на тој начин го спречува минувањето на храната во душникот.

Повеќе...

 

 


Причини и ризик фактори

Основната причина за појава на рак на гркланот не е позната. Заболувањето е резултат на делување на бројни физички, хемиски и биолошки предизвикувачи, кај пациенети со предиспозиција за ова оболување.

Превенција и скрининг

Како превенција за настанувањето на ларингеалниот карцином се наведува избегнување на факторите на ризик за ова малигно заболување.

Симптоми и знаци

Ларингеалниот карцином долго време може да биде асимптоматски, односно да не даде никакви симптоми. Како почетен и најчест симптом на ларингеалниот карцином е засипнатоста на гласот, која трае долго време и се продлабочува.

Дијагностички постапки

Дијагнозата се поставува со внимателно земена анамнеза, физикален преглед по системи, лабораториски испитувања, рендгенографски испитувања...

Развој на туморот

Ларингеалниот карцином се шири по три главни механизми: директно ширење, лимфогено ширење (преку лимфните садови), хематогено ширење (преку крвните садови).

Градус и стадиуми

Стадиум на болеста претставува утврдување на нејзината проширеност. Одредувањето на стадиумот на болеста е клучен фактор за спроведуавње на адекватна терапија кај секој пациент одделно.

Третмански опции

За одредување на најадекватна тераписка опција за одреден пациент, се разгледуваат многу фактори, како на пример: стадиумот на болеста, градусот на туморот, возраста на пациентот, неговата општа состојба и други фактори.

Терапија по стадиуми

Малите површински карциноми без фиксација на ларинксот или зафаќање на лимфните јазли успешно се лекуваат само со радиотерапија или само со хирургија вклучувајќи ја ексцизиската ласер хирургија.

Следење по третман

Следењето на пациентите со врши со физикален преглед, кој се изведува еднаш месечно во текот на првата година по завршувањето на лекувањето, а потоа на два месеца...

Клинички студии

Статистика

Литература