|
Голтникот (лат. pharynx) е составен дел на дигестивниот и респираторниот систем. Тоа е простор над гркланот и хранопроводникот, а позади носната и усна празнина.Низ голтникот минува храната и воздухот. Тој од внатре е овлоѓен со слузника и е составен од поголем број мускули и мембрани. Човечкиот голтник е диференциран на три дела:
Функција на глотникот (фаринкс)Голтникот има две функции т.е. учествува во процесот на исхраната и во процесот на дишењето. Поради својата двојна функција, во близина на голтикот се наоѓа капаче од сврзно ткиво т.н. епиглотис, кој при актот на голтањето го затвара душникот и на тој начин спречува храната да навлезе во дишните патишта. Кај луѓето, голтникот има важна улога и во вокацијата (оформување на гласот и говорот).
НазофаринксНазофарингеалниот карцином во многу земји претставува ретко заболување. Неговата највисока фреквенција на јавување е во Кина и во земјите на Југоисточна Азија. Во САД секоја година се регистрираат 11.000 нови случаи на карцином на назофаринксот, од кои 8.000 мажи и 3.000 жени. Највисока инциденција на назофарингеалниот карцином во САД се забележува меѓу припадниците на... ОрофаринксОрофаринксот е средниот (усен дел на голтникот), кој се наоѓа зад усната празнина и со неа комуницира преку голтниково стеснување. Од анатомска гледна точка, орофаринксот се наоѓа меѓу мекото непце горе и хиоидната коска долу; тој е во континуитет со усната празнина напред и комуницира со назофаринксот горе и со супраглотичниот ларинкс и хипофаринксот долу... Хипофаринкс
Хипофаринксот се протега од горниот раб на хиоидната коска до долниот раб на крикоидната ‘рскавица и во основа претставува мускуларна туба, која е поставена од орофаринксот до вратниот хранопроводник. Карциномите на хипофаринксот можат да потекнуваат од пириформниот синус, посткрикоидната регија и задниот и латералниот хипофарингеален ѕид... |
|
|
|