Голтник (фаринкс)Голтникот (лат. pharynx) е составен дел на дигестивниот и респираторниот систем. Тоа е простор над гркланот и хранопроводникот, а позади носната и усна празнина.Низ голтникот минува храната и воздухот. Тој од внатре е овлоѓен со слузника и е составен од поголем број мускули и мембрани. Човечкиот голтник е диференциран на три дела:
Функција на глотникот (фаринкс)Голтникот има две функции т.е. учествува во процесот на исхраната и во процесот на дишењето. Поради својата двојна функција, во близина на голтикот се наоѓа капаче од сврзно ткиво т.н. епиглотис, кој при актот на голтањето го затвара душникот и на тој начин спречува да храната навлезе во дишните патишта. Кај луѓето, голтикот има важна улога и во вокацијата (оформување на гласот и говорот). ОрофаринксОрофаринксот е средниот (усен дел на голтникот), кој се наоѓа зад усната празнина и со неа комуницира преку голтниково стеснување. Од анатомска гледна точка, орофаринксот се наоѓа меѓу мекото непце горе и хиоидната коска долу; тој е во континуитет со усната празнина напред и комуницира со назофаринксот горе и со супраглотичниот ларинкс и хипофаринксот долу. Орофаринксот се дели на следниве места:
Рак на орофаринксотКарциномот на орофаринксот не е често заболување. Во САД проценетиот број на нови случаи на фарингеален карцином, со вклучување на орофаринксот и хипофаринксот, кои годишно се дијагностицираат, изнесува 8.300 со 2.000 случаи на смрт. Во светски рамки, карциномите на орофаринксот и хипофаринксот се претставени со 123.000 нови случаи годишно. Орофарингеалниот карцином главно се јавува меѓу петтата и седмата деценија на животот и е 3 до 5 пати почест кај мажите во однос на жените. Слично како и кај останатите карциноми на главата и на вратот, консумирањето алкохол и пушењето се најзначајните фактори на ризик за развивање на карциномот на орофаринксот. Лимфната дренажа се остварува во регионите на лимфните јазли на вратот, означени како нивоа од I до V. Утврдувањето на клиничкиот стадиум кај орофарингеалните карциноми ги вклучу ва клиничкиот преглед и магнетната резонанца и компјутеризираната томографија на регијата на главата и на вратот. Традиционално, хирургијата и/или радиотерапијата се сметани како стандард во третманот на орофарингеалните карциноми; овие модалитети на третман често се комплицираат со субоптимално контролирање на локорегионалната болест и со значајни долготрајни функционални недостатоци. Некои истражувачи, и покрај тоа што постојат специфични индикации за примарна хируршка ресекција, сепак сугерираат дека конкурентната примена на хемотерапија со повеќе цитостатици и радиотерапија претставува стандард во лекувањето на пациентите со напредната болест, при што хирургијата е резервирана за оние пациенти кај кои дефинитивниот неоперативен третман бил неуспешен. Студиите со примена на агресивна и бескомпромисна радиотерапија, со конкурентна хемотерапија со повеќе агенси, покажале подобрување на преживувањето и на локорегионалната контрола. Овој тераписки пристап овозможува зачувување на органот и добри функционални резултати. Ризикот за развивање на втор примарен тумор кај пациентите со тумор во горниот аеродигестивен тракт е проценет на 3% до 7% годишно. Токму поради ваквиот ризик, овие пациенти треба да бидат доживотно следени. На овие пациенти треба да им се укаже дека продолжувањето на пушењето и консумирањето алкохол по завршувањето на третманот се тесно поврзани со развивање на втори примарни тумори во аеродигестивниот тракт. |
|