Иницијално искуство за HIFU методата, по 2 годишно следење на пациентите Печати

Бројот на дијагностицираните пациенти со локализиран рак на простата е зголемен, поради зголемената свест за ракот на простатата и зголемениот скрининг. Постојат повеќе тераписки опции за овие пациенти, како што се: хируршкиот третман, радиотерапијата, активното следење на болеста, но и низа нови модалитети, вклучуваќи ја и High Intensity Focal Ultrasound (HIFU).

Голем број на мажи со локализирана болест трагаат по третмани кои го минимизираат нивниот морбидитет (континенција и еректилна функција), а истовремено ја максимизираат онколошката ефикасност.

Често постои значителен првичен ентузијазам за новите техники, поради огромниот број на технолошки иновации во медицината денес. Како и да, третманите за локализираниот рак на простата, имаат потреба од 10 годишно следење, за да ја можат да ја покажат својата ефикасност над стандардните техники.

Многу од овој ентузијазам е генериран од компаниите кои инвестирале во овие нови технологии и често ги рекламираат агресивно и неодговорно со прерани податоци. Раните податоци укажуваат дека HIFU е метода која дава помал морбидитет, а подобар онколошки одговор од традиционалните третмани.

Почетните, првични HIFU клинички студии покажаа ветувачки резултати, што го побудил интересот на повеќе клиничари.

Постојат големи публикациски отстапувања во хуруршките студии, бидејќи клиничките студии со позитивни резултати имаат поголеми шанси да бидат публикувани, се публикуваат прерано, без да се следат пациентите подолг период.

Постои сигнификантен недостаток на податоци за ефикасноста и квалитетот на животот на пациентите лекувани со HIFU методата, бидејќи пациентите често одбиваат да влезат во рандомизирани контролни хируршки клинички студии.

Во нашите случаи, HIFU не ја достигна онколошката ефикасност на традиционалните тремански модалитети (минимално инвазивна радикална простатектомија, надворешна радиотерапија или брахитерапија). Дури, оваа метода кај некои пациенти даде значителни и разорувачки компликации.

Ние ги советуваме уролозите да не го рекламираат HIFU програмот се додека не се добијат високо квалитетни долгогодишни податоци, бидејќи ние сериозно се прашуваме за сигурноста а методата и за можноста од излекување на локализираниот рак на простата со оваа метода.

Овој напис е објавен во уролошкиот wеб портал, www.urotoday.com.