13-19 мај – Национална недела на здравјето на жената
Националната недела на здравјето на жената (National Women’s Health Week) ќе ги потсети сите жени повеќе да се грижат за своето здравје, бидејќи тоа е основа за подолг, поздрав и посреќен живот. Жените се преокупирани со своите најблиски и често забораваат да се фокусираат на своето здравје.
За да можете да се грижите за своите најблиски, треба да останете здрави, а тоа значи да посветите дел од своето време и на грижата за своето сопствено здравје. Само така ќе можете да имате здрав, квалитетен и среќен живот и да уживате со своите најблиски и со пријателите.
Затоа, внимавајте на исхраната, одржувајте ја својата нормална телесна тежина, практикувајте секојдневна физичка активност, одете на редовни рутински контроли и немојте да ги игнорирате одредените симпоми кои може да бидат знак за некое заболување.